Насловна / Архитектура / Населба која самостојно произведува енергија

Населба која самостојно произведува енергија

После две години планирање, започна изградбата на новиот станбен проект во 22-рот округ во Виена – Donaustadt. Станува збор за иновативен пример за домување со висок квалитет на живот, кој ќе се реализира на земјиште со значителна површина во близина на автобуски и станици на метрото, но и образовни институции и рекреативни зони. Просектот опфаќа десетина згради со 557 субвенционирани станови, 31 деловен простор, детска градинка, здравствена установа и зелени површини за дружење и игра.

donaustadt1

Посебноста на овој станбен комплекс под името Campo Breitenlee е во иновативниот енергетски систем кој произведува енергија исклучиво од обновливи извори. Енергијата ќе се произведува локално, и тоа во поголем обем на годишно ниво отколку што може да се потроши. Емисиите на CO2 ќе бидат сведени на нула. Тоа ќе се овозможи со геотермални топлински пумпи, фотонапонски системи и енергетски ефикасна градба на објектите.

donaustadt2

Град Виена во изминатите години превзема важни чекори во насока на еколошки прифатливо снабдување со енергија, а новиот проект е голем придонес за иднина без фосилни горива. Внимателно промислениот концепт ќе биде целосно изграден и функционален во 2024 година.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top