Насловна / Архитектура / Напуштен проект: Иглу хотел кој не е заживеан веќе 50 години и постојано е во потрага по нов сопственик

Напуштен проект: Иглу хотел кој не е заживеан веќе 50 години и постојано е во потрага по нов сопственик

Напуштениот Igloo city на Алјаска не само што е необична туристичка атракција, туку е атракција која никогаш не заживеала. Навистина голема штета за ентузијазмот. Имено, овој хотел започнал да се гради во 70-тите години од минатиот век, но градбата сериозно се оддолжила поради тоа што постојано се појавувале нови и нови проблеми. Еден од проблемите бил лоциран во несоодветните димензии на прозорците, што ја нарушило целата идеја за ентериерот. И додека одговорните се обидувале да пронајдат решение, во текот на таа „пауза“ хотелот останал запуштен, препуштен на суровите временски прилики. Бидејќи никој не знаел како да се продолжи, хотелот сменил неколку сопственици.

igloo1

igloo2

Сепак, преголем за да се уништи, овој хотел останал да стои покрај патот. Иако однадвор и денес изгледа пристојно, неговиот ентериер никогаш не е довршен. И повторно е огласен за продажба.

igloo3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top