Насловна / Арт и дизајн / Напнатоста помеѓу собирањето и раздвојувањето поради пандемијата

Напнатоста помеѓу собирањето и раздвојувањето поради пандемијата

Инсталацијата  Together Apart Billund е направена на зградата на Општината во Billund, Данска. Дизајн студиото Behin Ha направило проект за инсталација за фестивалот „ Trekanfest 2020“. Заедно со неговиот претходен проект, Together Apart Middelfart е продолжение на инсталацијата на Behin Ha од 2019 за Coshocton Rai Trace во Охајо. Инсталирана е на крајот на август за потребите на фестивалот „ Trekanfest “, кој беше место на разни настапи и собири.

1

Together Apart Billund се состои од 375 мрежасти ленти, разапнати помеѓу кровот на зградата на општината и тлото. Лентите се поставени во брановидна линија која се стеснува. Површините кои траките ги генерираат, раздвојуваат поединечни простори, а нивната порозност пружа визуелна меѓусебна поврзаност.

2

Со горни и долни куки, кои се симетрично поставени на фасадата на зградата, инсталацијата се наоѓа во аксиален однос со околните објекти. Начинот на поврзување на линеарно поставените врски на горниот дел и закривени во долниот дел, доведува до диференцирани и сложени услови на визуелно преклопување, густина и транспарентност.

3

Инсталацијата ја конструирал тим од волонтери во организација на клиентот, предводен од професионални изведувачи. Процесот на монтажа е осмислен да биде едноставен, така што волонтерите можат да учествуваат во поставувањето на инсталацијата. По поставувањето на куките на кровот и на земјата, мрежните ленти се затегнуваат помеѓу предходно одредените места на горниот и долниот дел.

5

6

На дизајнот на проектот влијаеле рефлексиите на Behin Ha за природата на социјалните собирања за време на пандемијата во 2020 година. Размислувајќи за конфликтот помеѓу човековата желба да се дружи од една страна и епидемиолошката потреба за одржување на раздвојувањето од друга страна, инсталацијата се обидува да ја фати напнатоста помеѓу собирањето и раздвојувањето со создавање на повеќе меѓусебно поврзани, но индивидуални и изолирани простори.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top