Насловна / Порта3 / Највисоката ветерна турбина во светот поставена во Германија

Највисоката ветерна турбина во светот поставена во Германија

Во моментот највисоката ветерна турбина во светот, е изградена од страна на германската компанија Max Bögl Wind AG, која е специјализирана во градење на некои од највисоките турбини во светот.  Имено, Германија е трета во светот (по Кина и САД) според вредноста на инсталираната моќност во ветерна енергија на годишно ниво. Височината на столбот на оваа највисока турбина е 178m , додека вкупната височина е 246.5m. За секој дополнително додаден метар во височина, количината на произвeдената електрична енергија се зголемува за 0.5-1%, како резултат на пониските турбуленции и посилните и попостојани ветрови. Ова секако доведува и до помал број на испади во текот на производството.

solar-wind-max-boegl-impressionen-015

Max-Bögl-is-constructing-the-flexible-water-battery

max-bogl-wind-turbine-highest-gaildorf-4

Германија би можела наскоро да ги надмине САД според капацитетите во енергија на ветерот, особено поради фактот што предложените рестриктивни политики во однос на обновливите извори на енергија во САД, се закана за понатамошната експанзија на компаниите од оваа индустрија (како на пример Vestas) во Америка.

 

Испрати коментар

Scroll To Top