Насловна / Арт и дизајн / Најубавите врати и прозорци низ светот преку фотообјектив

Најубавите врати и прозорци низ светот преку фотообјектив

Vrati i prozori

Фотографот Goncalves низ својот фотообјектив започнал да ја открива убавината на влезните врати на различни објекти ширум светот.

Vrati i prozori1

Својата колекција понатаму ја проширува и со прозорци, а од фотографиите изработил прекрасни колажи.

Vrati i prozori2

Инаку, Goncalves е португалски компјутерски инженер, а резултатите од својата работа неодамна ги презентирал под темата „Вратите на светот“.

Vrati

„Често мислиме дека вратите се само практични нешта, но овој проект треба да нè потсети дека вратите не служат само за затворање и отворање – тие се тука за да им се восхитуваме“, вели фотографот.

Vratri i prozori

Галеријата опфаќа фотографии од Шпанија, Романија, Португалија, Англија, Италија…

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top