Насловна / Вести / Белград ќе се кандидира за „зелена престолнина“ на Европа

Белград ќе се кандидира за „зелена престолнина“ на Европа

Belgrad

На 10 март, во Белград беше одржана панел дискусија „Градови на иднината- како да се биде решение, а не дел од проблемот“? Градоначалникот на Белград Синиша Мали, во рамките на настанот ги претстави проектите во областа на заштитата на животната средина што ги реализира градот. Тој зборуваше за зголемување на бројот на велосипедски патеки, трансформирање на улиците во строгиот центар во пешачки зони, и средувањето на проблемот со депонијата во Винча. Истакна дека Белград има во план да создаде услови за кандидатура за признанието „зелена престолнина на Европа“ (Green Capital Award). Ова престижно признание за 2016 година е доделено на Љубљана.

На панелот присуствуваа претставници на локалната власт од Љубљана, Софија, Истанбул, Букурешт, како и претставници од Европската комисија.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top