Насловна / Архитектура / Најпознатиот комплекс на храмови „Ангкор Ват“ од филмот „Томб Рајдер“ пропаѓа

Најпознатиот комплекс на храмови „Ангкор Ват“ од филмот „Томб Рајдер“ пропаѓа

angkorvat1crop

Еден од најпознатите споменици на историјата во Камбоџа, познат како „Ангкор Ват“, пропаѓа. Иако последната реконструкција беше пред некоја година, храмот што беше дел и од легендарниот филм „Томб Рајдер“ со Анџелина Џоли се повеќе се руинира.

Неодамна, британски „Дејли меил“ објави цела сторија за најпознатиот верски храм, во која централно место заземаат фотографиите од уништувањето на „Ангкор Ват“. Снимките покажуваат како славниот храм се распаѓа а славните камени ѕидови се претвораат во урнатини. Еден од најзначајните археолошки локалитети во Југоисточна Азија, кој се наоѓа во северниот дел на провинцијата Siem во Камбоџа, се протега на повеќе од 400 квадратни километри и се состои од остатоци од наследството на Црвената империја.angkorvat2crop

Но фотографиите само укажуваат дека едно од најпосетените туристички места не може да му се спротивстави на времето, а пред се на човековата негрижа. Се повеќе флората се меша со ѕидините на храмот, а влагата го убива сето она што човечката рака го оставила во наследство. Инаку, „Ангкор Ват“ во превод од кмерски значи „Главен храм“.angkorvat3crop

Првобитно бил основан како хинду-храм за Црвената империја, но постепено се трансформирал во будистички храм, кон крајот на 12 век. Комплексот бил изграден од страна на кралот на Црвените – Suryavarman II во почетокот на 12 век во Yaśodharapura (денешен Ангкор), главниот град на Црвената империја. Се карактеризира со долг заштитен ѕид од 3,6 километри, три правоаголни галерии, а во центарот на храмот стојат неколку кули.

Реставрација на храмот во модерната ера почнала во 1908 година, но претежно со цел храмовите да се истражуваат, а во 1970-та следела првата поголема реставрација. Сепак, работата на Ангкор беше напуштена за време на ерата на Црвените Кмери се до 1975 година. Помеѓу 1986 и 1992 година дури и Индија спроведе обнова на храмовите, но направи и голема штета откако било употребено премногу хемикалии кои го оштетиле каменот. Обновата продолжила во 2012 година, а последната компонента беше инсталација на кровот на галеријата во 2013 година.angkorvat7crop

Највпечатлив е храмот Та Prohm, кој беше познат по сцените од филмскиот хит „Томб Рајдер“ како и прекрасните резби на Banteay Srei, кои се сметаат за најубавиот релјеф, но и еден од најкомплексните во светот.angkorvat13

Испрати коментар

Scroll To Top