Насловна / Вести / Најновиот модел на Nokia распродаден во една минута

Најновиот модел на Nokia распродаден во една минута

Новиот смарт телефон на Nokiа кој беше пуштен во продажба во Кина по цена од 245 долари, е распродаден за помалу од две минути.

Ексклузивниот продавач очекуваше ваква заинтересираност. Тие кажуваат дека добиле повеќе од милион резервации за првиот ден од продажбата. Сепак, точниот број на продадени примероци не е откриен.

Продавницата има добиено наредба да не испорачува ниеден уред надвор од земјата.nokia

Се претпоставува дека ова е првиот од петте модели со логото на Nokia кој можеме да го очекуваме во текот на годината.

Nokia 6 која во моментов се продава само во Кина има Qualcomm Snapdragon 430 процесор, 4 GB RAM и 64 GB интернет меморија која може да се дополни со microSD мемориски картици, додека дијагоналата на екранот е 5,5 инчи во Full HD резолуција, а тука се и двете камери од кои задната со 16 MP и предна камера од 8 MP.

Капацитетот на батеријата е 3,000 mAh, оперативниот систем на којшто овој паметен телефон работи е Android и тоа последната верзија 7.0 Nougat.

Испрати коментар

Scroll To Top