Насловна / Вести / Најмоќниот суперкомпјутер во светот е целосно кинески

Најмоќниот суперкомпјутер во светот е целосно кинески

Најмоќниот суперкомпјутер во светот е кинески и целосно е изработен од домашни компоненти, се наведува во студијата објавена во понеделникот.

Ова е првпат Кина да го заземе првото место на листата TOP500, без воопшто да користи американска технологија.

Суперкомпјутерот Sunway TaihuLight е двојно побрз од претходно најбрзиот уред на планетава, кој користеше чипови на американскиот производител „Intel“.China Fastest Supercomputers

Првпат, исто така, од воведувањето на листата TOP500 (www.top500.org) Кина ома повеќе суперкомпјутери – 167 отколку САД – 165.

Станува збор за листа којашто двапати годишно ја објавуваат научниците од националната лабораторија „Lawrence Berkeley“ и универзитетот во Тенеси, во САД.

Суперкомпјутерот Sunway TaihuLight, кој се наоѓа во кинескиот град Вукси, ќе се користи во изработката на модели за истражување на климата.

Од десетте најбрзи суперкомпјутери во светот, два е кинески а четири се во САД, Другите се во Јапонија, Германија, Швајцарија и Саудиска Арабија.

Испрати коментар

Scroll To Top