Насловна / Вести / Најголемите железнички системи за брзи возови изградени во 2018 година

Најголемите железнички системи за брзи возови изградени во 2018 година

BBC претстави листа од  најголемите железнички системи за брзи возови, изградени во текот на 2018 година, со оценка дека годината била исклучително добра за љубителите на возови, со оглед на новите инвестиции во овој вид инфраструктура.
Кина
За сите кои бараат алтернатива за патувањата со авион, во Кна во септември претставени се нови супербрзи возови и најновите железнички системи. Позната како XRL, железницата Гуанџу – Шенжен – Хонг Конг отворена е во септември. Пругата  ги поврзува полуавтономниот град Хонг Конг со железничката мрежа на Кина. Патувањето помежу Хонг Конг и Гуанџу, кое во минатото траело 2 часа, сега е сведено на само 47 минути.
XRL1
??????????????????
Израел
Железницата Тел Авив – Ерусалим, е првата електрична возна линија за Израел која е делумно отворена во септември. Во моментот ги поврзува аеродромот Бен Гурион, оддалечен 20 километри југоисточно од Тел Авив и железничката станица во Ерусалим, Јицак Навон. Кога целосно ќе се заврши, директната линија межу Тел Авив и ерусалим, ќе го намали времето на патување меѓу двата града на помалку од 30 минути, со возови кои се движат со 160 километри на час.
tel aviv1
tel aviv2
Мароко
Официјално отворена минатиот месец, брзата железничка линија ќе ги поврзе мароканските градови Тангер и Казабланка. Растојанието од 340 километри се минува за 2 часа, што е скоо 5 часа помалку во однос на конвенционалните возови. Железницата го користи францускиот систем TGV (trains a grande vitesse), a на отворањето присуствуваше и францускиот претседател Макрон.
morocco1
morroco2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top