Насловна / Архитектура / Најголемиот „Старбакс“ во светот се отвора во Чикаго

Најголемиот „Старбакс“ во светот се отвора во Чикаго

Светски познатиот ланец на продавници за кафе „Старбакс“, отвора нов објект со површина колку просечна индустриска сала во Чикаго.

Новиот „Старбакс“, во којшто не само што може да се ужива во топли пијалаци, туку ќе може да се види и процесот на производството на кафе, ќе биде сместен во најпознатата трговска улица во Чикаго и ќе се простира на четири ката.старбакс чикаго

Отворањето на новиот објект, според концептот Roаstery, планирано е за 2019 година и со површина од 4.000 квадратни метри ќе биде најголемиот „Старбакс“ објект во светот, пишува ArchDaily.

Концептот Roastery претставува нов концепт на „Старбакс“, со кој се сака кафе концептот да се подигне на повисоко ниво.старбакс2

Од „Старбакс“ велат дека Roastery концептот го надминува воспоставениот модел на служење кафе и нуди сосема поинакво опкружување кое е наменето за вистинските љубители на „зеленото злато“, кои ќе бидат во можност да видат како се пече кафето, како се готви и служи.

„Откако се отвори нашето прво кафе објект во Чикаго пред речиси 30 години, кој беше нашиот прв објект надвор од Сиетл, овој град  стана многу посебен за мене. Во тоа време тоа беше вистински тест за Старбакс, со оглед на тоа што љубителите на кафе во Чикаго се многу детални и аналитички, кога е во прашање кафето“, изјави Хауард Шулц, извршен претседател на „Старбакс“.старбакс3

Покрај Чикаго, компанијата планира да отвори објекти од типот Roastery и во Њујорк (отворање најавено за 2018 година), Шангај (2017), Милано (2018) и Токио (2018).

Испрати коментар

Scroll To Top