Насловна / Вести / Најголемата во светот фотонапонска постројка на покрив, се гради во Тајланд

Најголемата во светот фотонапонска постројка на покрив, се гради во Тајланд

Компанијата Sumitomo Rubber Industries, во својот погон Falken Tires во Тајланд, ќе стане домаќин на најголемата на светот фотонапонска постројка на покрив. Sumitomo Rubber Industries, формирана во 1909 година од страна на производителот на пневматици во Велика Британија Dunlop, е петти по ред производител на пневматици во светот, а своите производи ги продава во над 100 земји.

tires1

Фабриката се наоѓа околу 50 километри југоисточно од Бангкок. Постројката ќе покрива површина од 100.000 квадратни метри, а ќе се состои од 40.000 панели. Се очекува да има инсталирана моќнност од 22 MW. Фабриката исто така ќе се опреми и со нов гасен когенеративен систем за производство на електрична и топлинска енергија, каде примарно гориво ќе биде биогасот добиен од отпадна биомаса.

tires2

 

Испрати коментар

Scroll To Top