Насловна / Архитектура / Најголемата „Пасивна куќа“ на светот, ги отвора вратите за своите први станари

Најголемата „Пасивна куќа“ на светот, ги отвора вратите за своите први станари

Најголемата „Пасивна куќа“ на светот би требало да ги дочека првите станари овој октомври, во историскиот дел Ривер Маркет, во самиот центар на Канзас Сити (САД). Луксузната станбена заедница, наречена Second + Delavare, ќе нуди врвни содржини со енергетски ефикасни придобивки и заштеди на енергија од 80 до 90% споредено со конвенционалните згради. Станбениот комплекс е проект кој е осмислен со заеднички сили на Arnold Development Group и Jark Development, а ќе нуди 276 станбени единици, вклучувајќи гарсониери, еднособни и двособни станови, опкружени со централен двор.

second3

second4

Second + Delavare е единствен производ на одржливиот урбан дизајн. Изведувачите се воделе од постулатите на перспективата стара сто години – голем и простран заеднички двор. Зелениот простор доминира со околината на зградата, а планирано е и покривите да имаат свои садници. Како што пишува порталот Inhabitat, удобноста на корисниците и енергетската ефикасност се постигнуваат со тројно застаклени сертифицирани прозорци, вентилациски систем со свеж воздух и топлински пумпи со променлив проток на ладилниот флуид. Обвивката на зградата се состои од ѕидови дебели 40cm, кои вклучуваат изолација од 15cm.

second1

second5

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top