Насловна / Арт и дизајн / SkyDeck – проѕирна платформа на покрив на патнички авион (видео)

SkyDeck – проѕирна платформа на покрив на патнички авион (видео)

Во текот на изминатите неколку години, имавме можност да видиме неколку студии за дизајн и апликации за патенти, кои целосно ја менуваат визијата на комерцијалните авиони, во варијанти без прозорци.

7_resize

Наместо прозорци, овие авиони би имале масивни дисплеи, кои би нуделе панорамски поглед на околината, со помош на неколку надворешни камери. Тоа сигурно би имало бројни бенефиции, но може да предизвика кошмари кај луѓето кои страдаат од клаустрофобија и дефинитивно нема да го има истиот ефект како да гледаат низ прозорец. Сепак, постои компанија која се вика Windspeed Technologies, која се обидува да донесе вистинска револуција во искуството на уживање во кабина на авион, со ултра интересен концепт Sky-Deck, кој ветува неверојатен поглед на околината.

1_resize 6_resize

SkyDeck е проѕирна платформа за уживање во погледот, наликува на меур создаден од стакло, кој е вграден во покривот на авионот. Налик на капсулите на борбените авиони, овој концепт има за цел да понуди неверојатен поглед на околината.

4_resize

„Целта беше да се создаде нова забава во авионите за ВИП клиенти и целата авио-индустрија“, стои во описот на официјалната веб-страница на компанијата. Овој стаклен балдахин во форма на солза, дизајниран е така да нема негативни ефекти врз аеродинамиката и перформансите на авионот. Компанијата тврди дека нивната платформа може да ги менува своите димензии, во зависност од авионот во кој ќе се најде.

2_resize 3_resize

Мал, приватен авион може да користи конфигурација со едно седиште, додека голем, патнички авион може да добие нешто што е многу поголемо. Како што вели оваа компанија, во понудата се две дизајнерски опции, од кои едната вклучува лифт во внатрешноста на кабината, со кој се превезуваат патници до седиштата до местото за величенствени погледи, додека другата платформа користи скали.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top