Насловна / Арт и дизајн / Најголема смотра на уметничка продукција го отвара новосадскиот Калеидоскоп на културата

Најголема смотра на уметничка продукција го отвара новосадскиот Калеидоскоп на културата

Отворањето е Калеидоскоп на културата во мало. Се одржува во текот на четири дена во просторот на Креативниот дистрикт, еден од најважните инфраструктурни проекти на Нови Сад како европска престолнина на културата.

Калеидоскоп на културата, најдобриот европски тренд бренд во областа на културата, ќе го доживее своето петто и досега најзначајно издание, од 1. септември до 7. октомври во Нови Сад.

2_resize

Веќе на отворањето, со најголемата смотра на уметничка продукција во овој дел на Европа, преку пет видови уметност, од 1. до 4. септември ќе бидат претставени околу 400 уметници од речиси 40 земји во светот.

Отворајќи ја вратата за индустриското наследство на Дистрикт, ќе биде поставена една од најголемите интерактивни инсталации во Европа „Автокорект“, дело на архитектонскиот уметнички колектив „Каркатаг“, добитник на престижната награда на The Oxford Samuel Beckett Theatre Trust.

„Станува збор за инсталација составена од роботизиран и автоматизиран систем на машини и уреди, кои со своите медиумски содржини и движење создаваат кореографија – специфичен танц на фасада, трансформирајќи ја зградата Фабрика во сцена, минувачите и корисниците на зградата во дел од тој екосистем“, вели член на уметничкиот колектив. „Каркатаг“, Марко Димитријевиќ.

Print

Применетата уметност ќе биде претставена со Изложбата сценски дизајн, предводена од светски признатиот колектив „Numen/For Use“. По поставки ширум Европа, Азија, Австралија и Јужна Америка, колективот премиерно во Нови Сад ќе ја постави својата инсталација „Tape“.

4_resize

„Публиката ќе може да го запознае проектот ‘Common’ кој се занимава со модернистичкото наследство во Ријека, Скопје и Нови Сад. Своите практики ќе ги претстават некои од водечките автори од просторот на поранешна Југославија, кои работат во областа на сценографијата, меѓу кои дизајнерот и сценограф Свен Јонке, архитектот Миодраг Куч и други“, изјави уметничкиот директор на Биенале за сценски дизајн, Миа Давид.

1_resize

Неделата на визуелна уметност ќе опфати дури 22 изложби и 12 филмски проекции, како што се новите филмови „Комедија на три ката“, во кои главните улоги ги толкуваат познатите српски актерки Весна Тривалиќ и Сека Сабљиќ и „Ала је леп овај свет“ со Анѓелка Прпиќ во главната улога. И додека изложбата на делата на најдобрите светски млади фотографи од дури 36 земји ќе биде до Гвожѓара, повеќе од 25 најзначајни новомедиски уметници од Србија, предводени од големи имиња како Владимир Лалиќ, Доријан Колунџија и Горан Деспотовски, ќе се претстават со свои дела во реновираните простории на Биро и Складишта. Покрај гостувачките сликари од Франција и Австрија, вратите на репрезентативните реновирани ателјеа ќе ги отворат и тројца европски признати уметници од Нови Сад – Петар Мирковиќ, Тадија Јаничиќ и Борис Лукиќ.

5_resize

„Со пренаменување на старите објекти во нови ателјеа, по скратен пат дојдовме од 19. век директно во 21. век. Сега проблемот на ателјеата веќе не е тема на денот, а уметниците можат да ја насочат својата енергија и идеи кон она што навистина е нивен повик“, истакна сликарот Борис Лукиќ.

Во изведувачката уметност се очекуваат осум претстави на современ танц со врвни изведувачи од Шпанија, Јапонија, Шведска, Грција, Бразил, Брегот на Слоновата Коска, но и од Србија и други земји, на три театарски локации во Дистриктот. Добитничката на Греми, Dobet Gnahore, ќе настапи со новосадски уметници и волонтери во перформанс кој ќе биде уметнички и критички одговор на прочуениот слет. Исто така, на Калеидоскопот на културата доаѓа и прославениот шведски кореограф со јапонско потекло Сатоши Кудо, но и водечките регионални танцови ансамбли, како Националниот балет на Северна Македонија, Битеф театарот, Загребскиот танцов центар и други.

в_resize

Симболично, ќе настапат 22 изведувачи, чиј калеидоскопски пристап кон жанровите и методите на изведба создава уникатен звук. Познатиот фински симфониски метал бенд Apocalyptica, одличните њујоршки музичари Hercules and Love Affair, како и култниот британски алтернативен бенд Republica со хитот „Ready to go“, се само дел од четириесетчасовната музичка програма во Дистрикт. Во четирите дена од отворањето на Калеидоскопот на културата гостите ќе ги воведе прославениот новосадски композитор, инструменталист и мултимедијален уметник, Борис Ковач.

Книжевната програма, со работилници, стручни конференции и трибини од области на пет видови уметност, ќе ги заокружи четирите денови на отворање пред претстојните пет различни уметнички недели на Калеидоскоп на културата.

н_resize

„Сето она за што Нови Сад можеше само да го сонува до Калеидоскопот на културата, сега очигледно го живее низ културата на заедништво. И како што престижната европска награда ги потврдува моите зборови, четирите дена се само увертира за она што не очекува во следните пет недели. Со стекнатото знаење и искуство во создвање програми на култни места и во реновирани простори, верувам дека тоа важи и за Калеидоскоп на културата во иднина“, изјави директорот на Фондацијата „Нови Сад – европска престолнина на културата“, Немања Миленковиќ.

Испрати коментар

Scroll To Top