Насловна / Вести / Најголема бесплатна Wi-Fi мрежа во светот?

Најголема бесплатна Wi-Fi мрежа во светот?

vi-fi harlem_1
Градоначалникот на Њујорк Mајкл Блумберг најави поставување на најголемата бесплатна Wi-Fi мрежa во светот, коja треба да покрие 95 блокови во Харлем. Работите се при крај, и мрежата ќе зафаќа површина меѓу 110. и 138. улица меѓу булевар „Фредерик Даглас“ и Медисон авенија. Тоа треба да обезбеди бесплатен интернет пристап за околу 80.000 жители на Харлем.

„Нашата нова безжична мрежа во Харлем ќе ги поврзе жителите и посетителите, давајќи им брз пристап до сè, од едукативни материјали за децата до информации за богатата историја на Харлем и неговите знаменитости, а ќе ги задоволи и потребите на домаќинствата, како што се плаќање сметки, проверка на работно време, книжарници или важни спортски резултати “, изјави со насмевка Блумберг.

vi-fi harlem_2

Испрати коментар

Scroll To Top