Насловна / Арт и дизајн / Најголем портрет на Новак Ѓоковиќ – и тоа на земја (видео)

Најголем портрет на Новак Ѓоковиќ – и тоа на земја (видео)

На земјаниот терен на тенискиот клуб „Ѓукиќ“ во Беград,  архитектот и уличниот уметник Андреј Јосифовски, попознат како „Пијаниста“, направил најголем портрет на Новак Ѓоковиќ на свет.  Цртежот е долг 24 метри, широк е 11 метари, (димензија речиси колку тениско игралиште), а се простира на површина од 264 квадратни метри. Куриозитет е фактот дека станува збор за прв уметнички потфат од овој тип на црвена земја, на еден тениски терен.

2

Повод за цртежот под име „ШЉАКАње на теренот“ и целокупниот проект „Прво да се исчистиме себе, па да ги погледнеме другите“, настанал од желбата да се пружи подршка на најдобриот тенисер на светот и да се покаже дека постојат луѓе кои вреднуваат се што прави Ѓоковиќ, не само на спортските терени, туки и неговите хуманитарни акции и помош и дека не ги забораваат неговите дела и покрај предизвиците со кои се сретнува тенисерот.

„Новак е човек кој има исклучителен сјај. Тој ги штити нашите соништа и нè мотивира сите нас. Тешко е да се најдат толку големи зборови кои би го опишале. Во оваа прилика, ќе го цитирам мојот пријател Срѓан Тимаров, кој рече: ‘Сите вие кои немате дарба да ја видите неговата светлина, ќе останете таму, во темнината на неговата сенка’. Е, тоа е Ѓоковиќ “, вели Јосифовски, на кого му беа потребни шест часа непрекината, но забавна работа за да се подготви цртежот.

1

Андреј Јосифовски како дете тренирал тенис, вели дека тоа во неговата младост било чудно, бидејќи сите тренирале фудбал или кошарка. Но, тој вели и дека за него спортските терени засекогаш ќе останат некој вид светилишта, каде владее спортски дух и каде за победа се бори чесно.

„За жал сите не го доживуваат спортот и шампионите на ист начин. Постојат и оние кои доволно не ги почитуваат резултатите и себеси се сметаат за достојни да ги коментираат и омаловажуваат најдобрите меѓу нас, особено оние кои се родени на Запад. На нивна несреќа, а наша среќа, се случи малата балканска Србија да изнедри еден голем тениски шампион, најдобар на светот, Новак Ѓоковиќ, каков инаку би ‘требало’ да имаат само земји кои мислат дека добиле право да управуваат со светот, бидејќи само кај нив се раѓаат најпаметните и најсилните луѓе. Така барем тие мислат. И во своите напори да објаснат како се секогаш и во се во право, а не Новак, работите ја преминаа секоја мерка“, вели Јосифовски.

03

Изработката на цртежите се одвивала доста брзо, иако времето било ограничено на периодот во текот на ноќта, поради светлината на рефлекторите покрај теренот и фактот дека под таквото осветлување подобро се воочуваат нијансите и деталите кои го прават портретот на земја.

02

„Најтешкиот дел можеби беше исцртувањето на просторот по однапред замислена шема. После ги направив контурите, а потоа се свртев кон деталите. Највеќе работа беше цртањето на очите, устата, носот и маицата. За косата на Новак мораа да се употребат дополнителни вреќи земја. Се е работено со помош на четки. И покрај тоа што ми е прв пат да работам нешто вакво, верував дека ќе успеам, бидејќи Новак ми е голема инспирација и голема чест ми е да направам нешто за него“, вели Андреј Јосифовски.

01

Како следен чекор за еден ваков проект Јосифовски истакнува дека желба му е тоа да биде една концептуална изложба на портрети  на терените на Ролан Гарос во Париз, или некој сличен голем турнир на земја, за да може и тамо да се пренесат пораките за важноста на меѓусебното почитување.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top