Насловна / Арт и дизајн / Најдолгата клупа во светот

Најдолгата клупа во светот

Најдолгата клупа во светот се наоѓа во Littlehampton, Британија. Клупата е поставена во пешачката зона на градот и на неа може да седат околу 300 луѓе истовремено. Дизајнери на оваа клупа се Studio Weave. Структурата на клупата се распространува по шеталиштето во градот, како „меандра“ се шири околу канделабрите и на одредени места е спуштена до самата земја со цел да овозможи пристап до плажата.

клупа-1

клупа-2

Конструкцијата на клупата е од дрвени решетки. Овој едноставен материјал се приспособува на динамичната форма на клупата и активностите што се одвиваат околу неа. Дрвениот материјал на одредени места е обоен со живописни бои.

клупа-4

клупа-5

Голема инспирација при дизајнирањето на клупата биле децата. Поради тоа одредени делови од неа се креирани специјално за најмалите, како што се двете засолништа коишто се формираат со извиткување на формата на клупата.

клупа-8

клупа-11

Со оваа интервенција по шеталиштето во Littlehampton дефинитивно се додава нова програма и се врши креативна регенерација на просторот.

клупа-9
клупа-10

клупа-3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top