Насловна / Вести / Биомасата во Војводина – најисплатлив ресурс

Биомасата во Војводина – најисплатлив ресурс

biomasa Energija u Srbiji 05

Претседателот на српската Национална асоцијација за биомаса „Serbio“ во разговор за весникот „Вечерње новости“  истакна дека биомасата е еден од најисплатливите ресурси. Како што наведува, најголемата корист од биомасата е во земјоделството, бидејќи на еден земјоделски имот од 10 до 15 хектари годишно е можно да се произведат околу 900.000 kWh топлинска енергија, и околу 55.000 kWh електрична енергија. Претставниците на Покраинскиот секретаријат за енергетика изјавуваат дека во Војводина годишно се произведуваат околу осум милиони тони биомаса на земјоделските имоти, но бомасата главно се фрла или се пали на самите ниви наместо да се искористи за производство на топлинска и електрична енергија.

Првото складиште за биомаса во Војводина веќе се гради во Пригревци, и ќе има капацитет од околу 100.000 тони.

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top