Насловна / Архитектура / Најчудната куќа на светот

Најчудната куќа на светот

Сместено во подножјето на планината Фафе во северна Португалија, Casa do Penedo е една од најчудните куќи во светот. Оваа куќа, изградена во 1974 година, совршено се вклопува во планинскиот пејзаж благодарение на необичната идеја на градителот да ја смести куќата меѓу четири масивни карпи.

karpi

Куќата првично им служела на сопствениците како куќа, а сега, со платени тури, на сите им е дозволено да ѕирнат во овој необичен објект.

Инспирацијата за дизајнот на куќата дојде при посетата на сопственикот на оваа област – необичните карпи во подножјето на планината го привлекоа неговото внимание и му дадоа идеја да изгради семејно прибежиште меѓу нив.

karpi1

Соодветно именувана Куќа од камен (Casa do Penedo), зградата совршено ги поврзува делата на природата и човекот. Ѕидовите се изградени од португалски гранит, кој традиционално се користи како градежен материјал за локалните згради.

karpi2

Двоспратната куќа, која се чини излегла од цртаниот филм за семејството Флинстоун, го привлекува вниманието на локалното население, како и на туристите од моментот на нејзиното градење.

karpi3

Сепак, тоа внимание имало и негативни последици затоа што сопствениците во неколку наврати се соочувале со вандализам и провали. По несакани упади, куќата е опремена со стакло отпорно на куршуми, а вратата е обезбедена со челични шипки.

Куќата се загрева со камин, додека сопствениците имаат отворен базен за ладење.

karpi6

На туристите сега им е дадена можност не само да ѕирнат во необичната камена куќа, туку и да се запознаат со историјата и архитектурата на куќата, да вечераат во природа и да уживаат во погледот на полето со ветерници, сето тоа како дел од обиколките што се нудат на официјалната веб-страница Casa do Penedo.

karpi4

karpi5

karpi7

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top