Насловна / Вести / Најчистите реки за капење во Европа

Најчистите реки за капење во Европа

Европските земји кои се грижат за своите води и природни ресурси од пливање во реките прават еден вид авантуристички туризам во рамки на престојот во природа, но не само во природа – некои реки се наоѓаат и во урбани градски центри.

Не секоја река е безбедна за капачите, не само поради квалитетот на водата. Некои реки имаат силни струи, длабоки води и други опасности. Исто така, треба да се истакне дека, иако за водите ширум Европа се води грижа, далеку од тоа дека сите реки се чисти и дека не им се заканува опасност.

Сепак, според извештајот на Европската агенција за животна средина, 85 отсто од европските места за пливање се безбедни за капење.

Наведените дестинациите се познати по водени спортови, а некои имаат дури и спасувачи во текот на сезоната. Порталот EuroNews состави листа на најчистите реки во Европа кои се безбедни за капење, а изгледа вака:

Flussbad Oberer Letten во Цирих, Швајцарија – Капење во центарот на градот

svac

Квалитетот на водата во повеќето швајцарски реки и езера е висок, а Федералната канцеларија за животна средина (FOEV) вели дека е можно да се плива и капе „практично насекаде“.

Капалиштето на брегот на реката Лимат (Limmat Oberer Letten) е едно од ретките места каде што може да се нурне во бистри води во центарот на градот. Местото е популарно за средби на локалното население и има канал долг 400 метри со платформа за скокови висока 2 метри.

svac1

Реката Лимат извира од Циришкото езерото и тече до Бруг (кантон Аргау), каде што се влева во реката Аре. Долга е 35,9 километри и тече низ градовите Цирих, Дитикон, Баден и Бруг. Во неа се влеваат поголемите реки Репиш и Линт. На реката се наоѓа и базен за непливачи, две игралишта за одбојка на плажа и терен за бочање.

На само неколку чекори од главната станица во Цирих, има бетонски базен кој е изграден во 1952 година, а влезот е бесплатен. Овој комплекс има и тераса за сончање каде што може да се одмора и да се ужива во сонцето.

Воидоматис, Грција – чиста тиркизна вода

grcka

Реката Воидоматис во Грција е една од најчистите во Европа. Овој 15 километри  долг пловен воден пат е дел од Националниот парк Викос-Аос уште од 1973 година, кој се наоѓа на 30 километри од градот Јанина и не се соочува со никакви еколошки предизвици.

Нејзиното име значи „волово око“ и потекнува од фактот дека овие животни имаат бистри сини очи како водата на оваа река. Ова ја прави реката Воидоматис одлична за слободно пливање, но треба да се внимава бидејќи водата е многу студена. И покрај тоа што Грција е релативно топла земја, температурата на реката е приближно четири степени Целзиусови во текот на сите годишни времиња. Инаку, реката Воидоматис е притока на неодамна заштитената река Вјоса.

gr1

Овде исто така се популарни рафтингот и другите речни спортови, како и пешачење низ прекрасниот природен парк што ја опкружува Воидоматис. Грција во последно време посветува големо внимание на престојот во природата и нејзината природна убавина преку развивање мрежи на пешачки патеки.

Плажата на реката Loriga, Португалија – природен бесконечен базен

port2

Во рамките на природниот парк Serra da Estrela во Португалија се наоѓа глацијалната долина Loriga, а водите што минуваат низ него ги напојуваат извори во планините во опкружување со исклучителна природна убавина.

port1

Едно од најдобрите места за диво капње овде е плажата на реката Loriga каде што се наоѓа природен бесконечен базен. Температурата на водата зависи од годишното време, но може да биде и ладна.

За време на официјалната летна сезона на пливање, има и и кафуле, спасувачи и други содржини. Плажата има сино знаме, што го докажува квалитетот на водата и затоа може да има многу гужва, особено во летниот период.

Реката Купа на граница на Словенија и Хрватска – топла летна вода

KUPA

Словенија има 48 официјални области за капење каде што редовно се мери квалитетот на водата. Се состои од 18 природни капалишта на кои има повеќе безбедносни мерки и објекти за користење и 30 капалишта каде се плива на сопствена одговорност.

На југоисток на границата со Хрватска се наоѓа реката Купа – една од најтоплите во земјата. Во текот на летните месеци, температурите во нејзините долни текови можат да достигнат и до 30 степени.

Додека тече низводно, реката Купа тече бавно и е совршена за капење. Во близина на изворот е помалку погодна за пливање поради повисокиот водостој, но затоа овој дел е одличен за рафтинг.

Доколку сакате да ја посетите реката Купа, по нејзината должина има многу вистински кампови и лажни (glamping) кампови.

Pont d’Arc во Ардеш, Франција – Големиот Кањон на Европа

fr2

Поминувајќи низ француските клисури на Ардеш (Ardèche), овој кривулест дел од реката и околните карпести формации често го нарекуваат Европски Голем Кањон (по углед на американскиот The Grand Canyon).

Самиот Pont d’Arc е висок 30 метри, а под овој камен мост се наоѓаат песочни плажи кои се најпопуларни кај кајакарите, додека карпите привлекуваат планинари.

Овие бистри води се совршени и за капење во летните месеци, а можете дури и да направите круг под самиот лак.

fr

Реката Lobau, Австрија – најчистата вода во Европа

av

Австрија има најчиста вода за капење во Европа според извештајот на Европската агенција за животна средина. Во 2022 година, речиси 98 отсто од местата за капење, кои луѓето редовно ги посетуваат, добиле оцена „одлично“.

Иако има многу чисти сини езера, Австрија има и реки кои се совршени за диво пливање. Непосредно источно од Виена, реката Lobau тече низ Националниот парк Donau-Auen.

av1

Голем дел од ова заштитено подрачје, покрај дивите животни и растенија, не е дозволено за капење, но има одредени места каде тоа е можно. Во рамките на Националниот парк во делот Горен Lobau капењето е дозволено на базените Dechantlacke, Panozzalacke, Donau-Oderkanaal II + III и Stadler Ford.

Сепак, пливањето е забрането во сите делови на Долна Lobau, освен во природниот базен во Schönauer Au.

Испрати коментар

Scroll To Top