Насловна / Вести / Најбогатите земји одговорни за 3/4 од еколошката штета поради прекумерна употреба на ресурси

Најбогатите земји одговорни за 3/4 од еколошката штета поради прекумерна употреба на ресурси

Глобалната експлоатација на ресурси драматично е зголемена во последните 50 години, и во голема мера предизвикува еколошка криза и пореметувања во екосистемот на планетата. Авторите на новата глобална студија за искористувањто на природните ресурси, истакнуваат дека САД, ЕУ, Велика Британија, Австралија, Канада, Јапонија и Саудиска Арабија се одговорни за 3/4 од глобалната еколошка штета, предизвикана од експлоатацијата вон границите на правичноста и одржливоста. Студијата која е објавена во часописот Lancet Planetary Health, ја анализирала и утврдила одговорноста за настанатата штета во псоледните 50 години. Процесите на прекумерно искористување на ресурсите се во пораст од 1970 година, и немаат тенденција на запирање.

overshoot1

САД и земјите од ЕУ се одговорни за повеќе од 50% од ова прекумерно искористување на ресурсите. Попрецизно, 27% се припишуваат на САД, а ЕУ заедно со Велика Британија – 25%. Кина е одговорна за 15% од оваа еколошка штета. Од друга страна, земјите со ниски и средни приходи во Латинска Америка, Африка, Блискиот Исток и Азија, заедно се одговорни за само 8%. Истражувачите опфатиле податоци за 160 земји. Анализирани се експлоатацијата во склоп на границите на државите и глобалните токови на трговија со ресурсите како што се фосилните горива, дрвото, металите, минералите и биомасата. Сведено ан бројот на жители, Австралија е на прво место во прекумерната употреба на ресурси со 29,16 тони по жител, а следуваат Канада со 25,82 и САД со 23,45 тони по жител. Во текот на последните 50 години, вкупно 58 земји вклучувајќи ги Индија, Индонезија, Пакистан, Нигерија и Бангладеш се задржале во рамките на своите граници на одржливоста.

overshoot2

overshoot3

Студијата покажува дека земјите со високи приходи имаат т.н еколошки долг кон остатокот од светот. Тие држави треба да преземат водечка улога во радикалното намалување на употребата на ресурсите, со цел да се избегне понатамошна деградација на природата. Глобалниот БДП и користењето на ресурсите с етесно поврзани. Во текот на последните 50 години паралелно се развивале, и покрај значајните технолошки иновации и зголемувањето на уделот на секторот услуги во БДП. Авторите на студијата затоа препорачуваат напуштање на растот на БДП како економски императив и цел, намалување на нееднаквоста, како и намалување на непотребното производство на стоки.

 

Испрати коментар

Scroll To Top