Насловна / Архитектура / Награда за животно дело од Женското архитектонско друштво на три жени архитектки

Награда за животно дело од Женското архитектонско друштво на три жени архитектки

Три жени архитектки кои, меѓу другото, ја проектирале и зградата на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград, кој го прослави својот 60-ти роденден, добија награда за животно дело од Женското архитектонско друштво на Србија – ЖАД, именувана по Јелисавета Начиќ, првата жена архитект.

2

Иако архитектите Душанка Менегело – Аќимовиќ, Весна Матичевиќ и Софија Палигориќ – Ненадовиќ се навлезени во десеттата деценија, живо се сеќаваат како во далечната 1957 година ги победиле колегите на конкурсот. Како триесетгодишни, млади архитекти, се впуштиле во авантура да ја проектираат зградата на аеродромот во Сурчин.

3

02

„Имаше една мала помошна зграда и на тревата доаѓаа авиони. Е, тогаш дојде моментот кога на Југославија и требаше аеродром, а и сообраќајот беше зголемен“, се сеќава инж. арх. Софија Палигориќ Ненадовиќ.

„Тоа беше голем настан за Белград, многу објавуван во сите весници, но не само колегите, туку и јавноста го коментираше. Фактот дека бевме жени исто така беше невообичаен“, напоменува инж. арх. Весна Матичевиќ.

01

„Тоа беше време блиску по војната, а ние сакавме нашиот Белград, кој беше уништен, да се изгради што повеќе, што е можно поубав“, додадава инж. арх. Душанка Менегело Аќимовиќ

Проектирале зграда од осум илјади квадратни метри, а аеродромот набрзо станал вистинска атракција за Белграѓани.

„Прво зградата изгледаше многу убаво, потоа тука доаѓаа разни екскурзии“, се сеќава Аќимовиќ.

„Оттаму, од терасата се гледаше пистата и пристигнувањето и полетувањето на авионите. Сето тоа беше малку чудо во тогашна Југославија“, вели Софија Палигориќ Ненадовиќ.

03

Овие жени биле ѕвезди на југословенската архитектура, ги проектирале и аеродромите во Тиват, Дубровник, Титоград, Загреб… Граделе и пошти, училишта, станбени блокови.

Затоа, за сите нивни заслуги, од Женското архитектонско друштво, добија награда која го носи името Јелисавета Начиќ, првата жена архитект во Србија.

4

04

05

Испрати коментар

Scroll To Top