Насловна / Вести / Наjголемата вертикална градина во светот

Наjголемата вертикална градина во светот

One Central Park_CW (90)
Францускиот архитект Жан Нувел во соработка со ботаничарот Патрик Бланк проектирал една зграда во Сиднеј прекриена со вертикални градини. Притоа, додадено е и големо огледало со цел рефлектирање на светлината кон пониските катови. Комплексот е наречен “One Central Park” и е изграден во центарот на Сиднеј. Западната кула е висока 84 метри, додека источната е висока 117 метри. Двете згради во себе содржат станбени едници, и тоа западната вкупно 240, а источната 383 вклучувајќи и 38 апартмани на врвот на зградата.

One central park . Sydney  (31)
Овие апартмани имаат пристап на градината на покривот на височина од 100 метри. Фасадата на зградата е „домаќин“ на најголемата вертикална градина на светот, дизајнирана токму од Патрик Бланк. Вкупната површина на вертикалната градина е околу 1000 m2, и е составена од 21 панел со вкупно 35 различни растителни видови.

Central-Park-01
Комплексот има и специјални огледала, кои фрлаат светлина на пониските катови. Конструкцијата всушност е составена од точно 320 огледала, а ноќе е осветлена со LED осветлување.

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top