Насловна / Архитектура / Над еден милион луѓе во Русија живеат во „скриени“ градови а нивните животи се воена тајна

Над еден милион луѓе во Русија живеат во „скриени“ градови а нивните животи се воена тајна

Во Русија постојат 45 затворени градови во кои живеат, работат, се школуваат над 1.300.000 луѓе. Во времето на Советскиот Сојуз овие градови не постоеле ниту на географските карти. Однадвор и одвнатре градовите се строго чувани од страна на руската војска. Да се биде гостин во некој од овие градови е можно само со специјална дозвола. Жителите се занимаваат со научна или производствена работа поврзана со опасна или безбедносно чувствителна технологија. „Руска реч“ неодамна објави сторија за шест вакви градови која во продолжение Ви ја претставуваме.

Мирни

Градот е лоциран во Архангелската област и изграден е во функција на космодромот, односно претставува административен и станбен центар на космодромот „Плесецк“. Првиот државен космодром „Плесецк“ долго време бил светски лидер по бројот на лансирања. Гордиот град на својот грб има вселенски брод и поларна светлина, која зборува за неговата положба на далечниот Север. Мирни е полн со споменици. Во чест на лансирањето на првиот советски навигационен вселенски брод подигнат е обелиск „Космос – 1000“, а во 1989 година по повод влегувањето во орбитата на „Космос – 2000“ подигнат е уште еден споменик.

mirni-pliseck-kosmodrom-raketa OLYMPUS DIGITAL CAMERA mirni

 

Саров

Се наоѓа во Нижегородската област и домаќин е на производството на атомски бомби. На територијата на градот се наоѓа Рускиот федерален нуклеарен центар. Саров е по многу нешта необичен град. Од една страна, во него се прават атомски бомби, а од друга страна, тој е познат по православното светилиште – Саровскиот манастир. Двете обележја се наоѓаат и на неговиот необичен грб. Во Нуклеарниот музеј (единствен од таков вид во светот) главен експонат е познатата „Цар бомба“. Се работи за термонуклеарна бомба која е тестирана во 1961 г. на арктичкиот архипелаг Нова Земја со најголема експлозија во историјата. Во Нуклеарниот центар во Саров денес работат над 18.000 врвни стручњаци: физичари, математичари и инженери кои се занимаваат со одржување на нуклеарниот арсенал на Русија.

sarov-crkva sarov-car-bomba sarov sarov-naselba

 

Озерск

Се наоѓа во Јужен Урал, а на неговата територија се наоѓа Федералното државно претпријатие за производство на радиоактивни изотопи и преработка на истрошеното нуклеарно гориво. Радиоактивните изотопи произведени овде се купуваат од над 40 земји за медицински цели.

ozersk-mayak ozersk-pogon-za-radioaktivni-materijali ozersk-tabla-vnimanie ozersk

 

Знаменск

Сместен во Астраханската област, овој град е административен и станбен центар на воениот полигон „Капустин Јар“,  изграден во 1946 година, со цел тестирање на првите советски балистички ракети со боеви глави.

znamensk znamensk-kapustin-jar-poligon znamensk-kapustin-jar-muzej znamensk1

 

Североморск

Градот е поморска воена база и се наоѓа во Мурманската област, на Баренцово Море. Изградбата на воената база е започната уште во средината на 30-тите години од минатиот век, а интересно е дека статусот на затворен град Североморс го добива дури во 1996 г., односно по распадот на СССР.  Градот се наоѓа над поларниот круг, па преку зимата се спушта поларната ноќ која трае два месеци.

sevberomorsk DN-SC-93-00275 severomorsk-zaliv severomorsk-zgradi

 

Власиха

Овој град се наоѓа во Московската област, а има посебен статус заради штабот на Стратешките ракетни единици и централниот команден пункт на копнените стратешки нуклеарни единици на Вооружените сили на Руската федерација.  Долго време ова место било само едно мало село близу Москва. Но, интересно е дека славниот Жуков токму одовде раководел со одбраната на Москва.

vlasiha-park vlasiha-komanden-punkt

 

Испрати коментар

Scroll To Top