Насловна / Архитектура / Нацистичка градба станува најдолг хотел на светот

Нацистичка градба станува најдолг хотел на светот

Комплексот на Хитлер „Снага преку одмор“ на островот Риген планиран за 20.000 гости е бизарно историско наследство. Репортерката на DW, Мајке Рунвалд, кога во 2005. го посетила затекнала руини. Кога се вратила тамо оваа година се изненадила.

1
Морското ветре се пробива низ нашите јакни. Облаците се сиви, како и рушевините покрај кои поминуваме. Блок до блок, зградата се протега со километри долж брегот. Како кога трчаш во сон, а никако да стигнеш до целта. Така го доживеав „Колосот од Прора“ на островот Риген во јануари 2005, кој по налог на Адолф Хитлер станува најдолг хотел на светот. Го изградил нацистичкиот архитекта Клемен Клоц во 30-тите години од минатиот век. Целта била да се овозможи 20.000 луѓе истовремено да поминат одмор во комплексот долг скоро пет километри и тоа во организација на националсоцијалистичката организација „Снага преку одмор“ (KdF). Нејзината задача била нормирање и контрола на слободното време на Германците. Сите 10.000 соби требало да имаат поглед на море, поради тоа е објектот толку долг.

2

Споменик на мегаломанија
Прора е проект кој сведочи за мегаломанијата на нацистичката влада. Но и за нејзината неспособност. Кога во 1939. година започнала Втората светска војна, градежните работи се сопрени. Комплексот никогаш не е отворен. Ниту еден турист никогаш не боравел во т.н. „Одмаралиште 20.000“. Наместо тоа, зградите кои дотогаш биле направени користени се како касарни, најпрво во Хитлеровиот Рајх, а потоа во ДДР.
По паѓачето на Берлинскиот ѕид и обединувањето на Германија, комплексот добил статус на историски споменик. Во него се вселиле музеи и уметнички атељеа. Меѓутоа поголемиот дел од овој комплекс пропаѓал.

Идила на сончев брег
Лето е 2019. година. На брегот на Балтичкото море е сончево. Косата ми е мокра од пливање. Гледам деца како играат „златната плажа“ на Прора, една од најубавите на Балтичкото море. Мало момче спасува медузи враќајки ги во море. Еден заљубен пар е опуштен на лежалките. Фамилии пуштаат змејови. Спасителите ги надгледуваат капачите, пишува новинарката на DW.

3
Прора од 2018. година и официјално станала одмаралиште. Шеталиштетото на соседното модерно одмаралиште Бинц продолжено е до тоа место. Туристте сега доаѓаат и во некогашното одмаралиште на KfD. Блокот II на комплексот тешко го препознавам. Сега е обоен бело, а терасите се во стакло. Во тој дел се наоѓа луксузен хотел. Овој пат не пешачам, комплексот го обиколувам со велосипед. Денес овде може да се изнајми велосипед, а тука е и фризерски салон, бутик, неклку кафе – барови, ресторан и пекара.
Тука е документациониот центар во кој може да се види Прора од 2004. година. Голем број туристи токму тоа ги интересира.

4
„Овде сме дојдени поради преубавата локација, директно на плажа. А и местото е добро поврзано со воз. Во споредба со Бинц, овде е поефтино“, вели еден брачен пар и додава „бидејќи неколку пати сме биле овде, сакаме да дознаеме нешто и за историјата на ова место“.

Најдолг хотел на светот
Останатите делови на овој колос воглавном се градилишта. Ќе бидат отворени супермаркет и лекарска ординација. Во еден од блоковите се работи на санација на становите. Прора, минатото, архитектурата и обновувањето на споменикот – што е доверено на приватни инвеститори – се тоа и понатаму е контраверзно.
Некои посетители сметаат дека комплексот е депресивен. Други се среќни бидејќи не е срушен. И тука почнува дискусијата. Контраверзниот комплекс е тема на многу разговори, туристите речиси на секада за ова разменуваат мислења.

5
Колосот стана место на средби. Сеуште е импресивен споменик, но сега е и атрактивна дестинација за одмор, отворена за сите кои сакаат времето да го поминат на една од најубавите плажи во Германија. За мене – единствена мешавина.

Извор: DW

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top