Насловна / Архитектура / Национална библиотека на Латвија: Замок на светлината

Национална библиотека на Латвија: Замок на светлината

zamok na svetlinata (3)

На левиот брег на реката Даугава во Рига, во 2014 година беше дадена во употреба Националната библиотека на Латвија, популарно наречена „Замок на светлината“. Оваа зграда е проектирана од страна на светски познатиот архитект Гунарс Биркертс од САД, кој има латвиски корени. Освен стандардните услуги и рутински операции, библиотеката и нејзината инфраструктура служат како платформа за активности, настани, на различни партнери за соработка и место на единственo креативно спојување. Така, кон крајот на мај во библиотеката беше одржан и годишниот самит на УНЕСКО, посветен на слободата на печатот, на кој присуствуваа илјадници претставници од цел свет. Сите тие беа сведоци на едно навистина модерно, комфорно и, пред сè, гостопримливо здание. Полно со сали и соби за секаков вид настани, со едноставна комуникција кон и од нив. И многу светлина. И дење и ноќе. Оттука и не случајно, го викаат и „Замок на светлината“.zamok na svetlinata (13)

Обичните Латвијци, независно дали се со латвиско или руско потекло, се задоволни од она што е изградено. Иако, има и такви кои велат дека според стари преданија, на левиот брег на Даугава не треба да се градат зданија кои со својата висина ќе ја надминат највисоката точка на стариот град. И додаваат, дека откако пред многу години таму била изградена телевизиска кула и некои други високи објекти, тогаш почнале сите несреќи на државата.

zamok na svetlinata (12)zamok na svetlinata (11)

Како и да е, Националната библиотека сепак е здание кое го привлекува вниманието уште од далеку, а восхитува кога ќе дојдете до него и уште повеќе кога ќе влезете во него. Здание кое комуницира со реката Даугава. Допрва, велат, ќе се уредува и неговата околина и тоа сè со модерна архитектура. Библиотеката е архитектонски симбол на модерна Латвија. А не како кај нас. Сè што беше модерно го прекривме или го скривме од очите на луѓето.

zamok na svetlinata (6)

Авторот на проектот Гунарс Биркертс вели дека архитектонската идеја за библиотеката се јавила уште пред 20 години и се претворила во еден од широко признатите предвесници на новата ера во архитектурата. Тој го цитира британскиот историчар на архитектурата Питер Баченем, кој вели дека архитектурата на возраст од зародиш треба да „надмине и да содржи“. zamok na svetlinata (4)

Новото треба да биде создадено со апсорпција и синтеза на учењата за историското и локалното, како и на современата архитектура.  Според Биркертс, тоа доведува до помислата дека современата архитектура треба да биде како мост за премин на временските граници – вкоренет во минатото, гледајќи кон иднината. Се јавува потреба од создавање на нов јазик на формата, јазик што ќе го третира минатото со почит.zamok na svetlinata (10)

Гледајќи ја зградата, вели Биркертс, гледаме интригантна форма. Таа е визуелно привлечна за нас. Како што е? Таа е изразна. Тоа е библиотека, функционален симбол. Тоа е потсетник за извонреден историски настан, важен за Латвија, изградба на својата државност, како и пофалба на повторното раѓање на државата и нејзините обновени збирки на културни богатства. Биркертс тврди дека линеарната природа на зборовите не може во целост да се опише со тридимензионален архитектонски облик.zamok na svetlinata

Што се однесува до изразноста, формата има многу значења. Да се ​​согледа нејзиното значење, ќе мора да се вратиме на чувствата и интуицијата што го придружуваа моментот на создавањето, вели Биркертс. Тој го прави тоа и објаснува: „Оваа архитектура, кажува за спојување на хуманизмот и културата, носи референци од историјата, фолклорот, литературата, музиката и визуелната уметност. Покрај тоа, таа ја изразува љубовта на архитектот кон својата земја и нејзината историја. Таа кажува за зелени полиња и ливади, за многубојни цвеќиња; Таа кажува за темни борови шуми и шуми од белата бреза; Таа кажува за бавно течење, темнина, дремливи реки, нивните струи се толку бавни, што на моменти се чини дека тие течат наназад; Пејзажот е рамен и благо наведнат, највисоката планина Гаизинш е само 12 метри повисока од Ајфеловата кула; Таа кажува за некогаш присутниот фолклор, за човечките емоции изразени во народните песни и легенди – за замокот израснат од темните води, за храбрите јавачи кои јаваат по планината од мраз за да ја спасат принцезата. Тоа бара силна волја и упорност да се постигне целта“.

zamok na svetlinata (5)

Осврнувајќи се на влијанија врз формата на зградата, вели Биркертс, ние препознаваме архитектура на руралните земјоделски фарми, со слоеви на историски архитектонски манифестации во Рига, над неа. Сите овие метафори придонесоа за скицата на обликот на современата библиотека. Оваа нова форма носи индивидуалност и моќ за вклучување во дијалог со историската архитектура, на спротивниот брег од Даугава. Јас ова го нарекувам синтеза на душа од метафори; тоа ја создава експресивноста на надворешниот изглед на зградата на новата Национална библиотека на Латвија. А потоа, тука е душата што се одразува во внатрешноста.zamok na svetlinata (7)

Искажувајќи се за современото во Библиотеката, Биркертс вели: „Новиот век со себе го донесе компјутерот, а исто така и глобализацијата. Новата Национална библиотека на Латвија со своите збирки на културата од национално значење е наменета и подготвена да учествува во глобалната мрежа на електронските комуникации и системи на информатичките технологии. Ова е важен дел за внатрешната ʼдуша‘ на зградата“.

zamok na svetlinata (8)

Испрати коментар

Scroll To Top