Насловна / Вести / На Точак прашува на колку Целзиусови би возеле точак

На Точак прашува на колку Целзиусови би возеле точак

Во целост ви ја пренесуваме информацијата и истражувањето коe го направи На Точак.

Би возеле точак на асфалт со температура 29.8 или 58.9 Целзиусови степени?

Не е воопшто сеедно, нели?

4

Дали донесувачите на одлуки од локалната власт, сообраќајните инженери и урбанистите би пешачеле или возеле точак на асфалт жежок 58.9 степени? Ако не, зошто очекуваат другите да го прават тоа?

Тротоарите и велосипедските патеки не треба да се декор на коловозите за автомобили. Тие треба да се во функција на оние кои ги користат. На луѓето на овој град.

2

Создавањето улици не е просто фрлање на асфалт.

Создавањето улици е создавање на живот во еден град.

Кои заклучоци можеме да ги донесеме од фотографијата со измерените температури?

  • За скопската клима неопходно е планирање на зеленило во склоп на улиците, особено така позиционирано да им прави сенка на оние кои не се климатизирани: пешаците и велосипедистите;
  • Лошиот дизајн на улиците во еден град ги поттикнува луѓето на своја рака да наоѓаат решенија. Пешаците и велосипедистите прават прекршоци (движејќи се по туѓи патеки или во обратна насока) затоа што бараат сенка и ја избегнуваат екстремната загреаност на патеките изложени на сонце. Луѓето се однесуваат како луѓе, а планерите треба да планираат град според потребите на луѓето, а не според потребите на автомобилите;
  • Неправедно е што во вакви климатски услови, пешаците и велосипедистите го извлекуваат подебелиот крај при чекање на семафори кои се изложени на сонце и програмирани да им служат само на автомобилите;
  • Фасцинантно е што температурата на озеленетиот простор, дури и кога е изложен на сонце е блиска и пониска од амбиенталната, за разлика од асфалтот кој е 20 степени над неа.

3

Од сето ова заклучуваме дека во следните правилници, планови за Скопје-вело-град, генерален план за Скопје, планови за зеленило и за справување со климатските промени, проекти за сообраќајници итн. мора да има ЗАДОЛЖИТЕЛНО планирање на БОГАТО ЗЕЛЕНИЛО на улиците и особено булеварите (па и по цена на скратување коловозни ленти) и соодветно позиционирање за да биде од најголема корист. Не смее да има патеки кои во текот на целиот ден се изложени на сонце.

Како што рековме лани на една критична маса: Дрвјата се наша клима!

Испрати коментар

Scroll To Top