Насловна / Вести / На пазарот стигнува автомобил со натриум – јонски батерии

На пазарот стигнува автомобил со натриум – јонски батерии

Производителот на моторни возила Changan, во соработка со  CATL, го претстави патничкото возило погонувано со натриум – јонски батерии. Станува збор з апрво возило од ваков вид кое влегува во масовно производство.

По цела деценија истражување и развој, Contemporary Amperex Technology Co. Ltd (CATL), најголемиот производител на батерии на Планетата, достигнал една од најпреломните точки за својата  натриум – јонска технологија. Кинескиот државен производител на автомобили China Changan Automobile Group го прикажа првото патничко возило во историјата кај кое тоа решение ќе се применува во индустриски размери.

Автомобилот Changan Nevo A06 (Changan Qiyuan A06) ќе излезе на пазарот пред средината на годината. Дометот ќе му биде поголем од 400 километри, според кинескиот стандард CLTC за тестирање на лесни возила. Инаку, на Запад, условите за таквата градација се построги. Батеријата од типот Naxtra е т.н cell-to-pack, односно CTP систем, кај кој батериските ќелии се директно интегрирани во куќиштето, наместо преку модули.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top