Додека очите на светот се вперени во Зимските олимписки игри Милано Кортина 2026, еден шведски дизајнер одлучи да ја донесе олимписката еуфорија директно на масат Неговата нова чинија го реинтерпретира каменот за карлинг во сјајна, пастелно сина верзија наменета за грицкалки.

Инспирацијата е повеќе од јасна. Заоблената форма и подигнатата рачка се директно поврзани со камен што се лизга по мраз, но преку препознатливиот визуелен јазик на Густаф Вестман, кој се состои од надуени форми, меки линии и пастелни бои.
Така, оваа чинија не е буквална реплика на спортски реквизит, туку духовита интерпретација што го претвора секојдневниот предмет во мал дизајнерски потфат.

Од ледена патека до трпезариската маса
Карлинг е спорт на прецизност, триење и контролирано движење. Вестман ја преведува таа логика во ритуал на послужување – посегнувањето по пуканките станува уигран гест, додека интегрираната рачка функционира и како држач и како мини-послужавник.
Предметот е претставен со постер со натпис „Curling Bowl: The Olympic Champion of Snacking 2026“, што дополнително ја нагласува играта со естетиката на официјалниот спортски „merch“.

Актуелност на дизајнот
Вестман и претходно покажа дека е заинтересиран за емотивен ефект, а не за неутрална функционалност. Неговите парчиња не се редуцирани, ниту тивки – тие бараат внимание.
Чинијата Curling Bowl е создадена во момент кога карлингот е повторно во фокусот на јавноста, а дизајнерот ја насочува таа енергија во предмет што има потенцијал да стане колекционерски.
Наместо големи зборови за спортски победи, приказната овде се сведува на форма што е мека, заоблена и пастелна.
Токму во оваа леснотија моќта на дизајнот ја следи културата додека се случува и ја претвора во нешто опипливо, вирално и, пред сè, забавно.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија