Насловна / Архитектура / На конкурсот за плажите во Охрид, пристигнати се само две безидејни идејни решенија

На конкурсот за плажите во Охрид, пристигнати се само две безидејни идејни решенија

Врз oснова на Јавниот Повик за прибирање на идејни решенија за уредување на плажите на Охридското Езеро кој беше објавен на 30.08.2021 година, до Општина Охрид пристигнале само две идејни решенија согласно условите на повикот, соопштува општината.

Право на учество на повикот имаа сите физички и правни лица, регистрирани за вршење на дејност поврзана со предметот на повикот. Целта на повикот беше вклучување на стручната јавност и граѓаните во процесот на утврдување на активностите и дејствијата за уредување на плажите на крајбрежјето согласно препораките и насоките од Планот за управување со светското природно и културно наследство, препораките на УНЕСКО како и постојните законски прописи. Конкурсот беше анонимен и секој учесник имаше право да учествува со еден труд.

Пристигнатите решенија ќе бидат предмет на евалуација на стручната комисија и достапни на увид на граѓаните. Граѓаните можат да направат увид на комплетната документација на идејните решенија во Општина Охрид ,своите сугестии, забелешки и предлози во правец на избор на најсоодветно решение може да ги достават на следната електронска адреса javni_nabavki@ohrid.gov.mk со назнака „Идејно решение за плажи“, секој работен ден од 15.10.2021 до 21.10.2021 од 08 до 11 часот, соопштуваат од Општина Охрид.

Архитектите секогаш се залагаат за конкурси кои ќе бидат натпревар на креативност, ставови и идеи, но за жал малку од нив се пријавуваат за учество. На овој конкурс притстигнати се две идејни решенија, неразработени, кои прикажуваат лошо обработени 3Д слики, безидејност, сцени на вода, песок, лежалки, чадори за сонце, кои можат да бидат позајмени од било која анимација на плажи и тоа со исклучително лош квалитет.

Во прилог се фотографии од идејното решение број 1 и фотографии од идејното решение број 2 кои можат да се видат и на официјалната страна на општината тука.

Идејно решение број 1

i1 i2 i3 i4 i5

Идејно решение број 2

21

22

23

24

25

Испрати коментар

Scroll To Top