Насловна / Вести / На границата меѓу САД и Мексико никнува парк долг 10 километри

На границата меѓу САД и Мексико никнува парк долг 10 километри

Како дел од стратегијата развиена на крајот на 2021 година од страна на амбасадорот на САД во Мексико Кен Салазар и амбасадорот на Мексико Естебан Моктезума, во соработка со политичари и бизнисмени од јужниот регион на Тексас и мексиканската држава Тамаулипас, планирана е изградба на Binational River парк.

4_resize

Според проектот кој го потпишува бирото Overland Partners во соработка со праксата Able City, предвидено е паркот да се протега долж реката Рио Гранде, помеѓу Ларедо во Тексас и Њу Ларедо во Мексико, се со цел да се обноват и ревитализираат екосистемите, како и развојот на туризмот и славење на мултикултурализмот во оваа погранична област.

1_resize

Како што пренесува ArchDaily, селекцијата на предложените идејни решенија го направиле градот Ларедо и членовите на работната група Binational, јавно-приватен конзорциум.

Откако беа избрани за победници, архитектите од Overland Partners од 7. до 9. февруари годинава, организирале работилница со меѓународни експерти од компаниите OLIN Studios и ARUP, како и со Crane Engineering и LAN Hydrology, за да ги разберат потребите на проектот и да го проучат физичкиот контекст.

3_resize

Околу 35 луѓе учествуваа во низа вежби каде ги обликуваа своите визии, но и ја посетиле локацијата во неколку наврати, што резултирало со сеопфатен концепт на проектот.

„Инспирирани сме и возбудени од единствените предизвици што ги поставува еден проект од оваа големина, во еколошка, социјална и културна смисла. Паркот долг 10 километри е идентификуван како проект за еколошка обнова што ќе го ревитализира екосистемот на реката, економијата, ќе додаде културни добра како што е јавната уметност и ќе привлече туристи од двете страни на реката, претворајќи го просторот во меѓународно обележје, што ќе ги поврзува две заедници во една“, велат од Overland Partners.

2_resize

Испрати коментар

Scroll To Top