Насловна / Архитектура / MVRDV го заврши пазарот на Тајван со зелен и јавно достапен кров

MVRDV го заврши пазарот на Тајван со зелен и јавно достапен кров

MVRDV го заврши пазарот на големо со уреден и јавно достапен кров во Таинан, Тајван.

Наречен Таинан Маркет, новиот пазар на големо служи за продажба на овошје и зеленчук на локалната заедница во Таинан. Не само што е важен центар во ланецот за снабдување со храна на Таинан, туку и станува дестинација за средба и дружење.

2

Благодарение на неговиот брановиден зелен кров, пазарот од 12.331 метри квадратни пружа поглед на околниот пејзаж од достапниот кров на зградата.

Според MVRDV, пазарот има за цел да го промовира туризмот во регионот. „Во иднина, кровот може дополнително да се развива, со можност да се одгледува овошје и зеленчук на врвот на објектот“, велат од бирото.

MVRDV го комплетираше проектот со локалното биро LLJ Architects. Идејниот проект за прв пат е објавен во 2019 година, а MVRDV ја заврши зградата во 2022 година.

3

„Таинан Маркет претставува амбициозен архитектонски експеримент“, велат од MVRDV.

Преку овој проект, MVRDV ја менува природата на пазарите на големо и создава иновтивна типологијата, ваков вид објекти најчесто се „тип на зграда што обично се сместува во едноставни метални бараки“ како што вели бирото. Проектот сега го претвора објектот во мешавина на пазар и јавен зелен простор. „Правејќи го тоа, овој дел од прехранбената индустрија се воздигнува на место за јавноста каде се доживува храната и се ценат погледите на пејзажот“, додаваат.

1

Таинан Маркет е сметен помеѓу градот и планините и благодарение на неговата близина на автопатот  и врските за јавен превоз, лесно е достапен и од околното земјоделско земјиште и од градот, што го прави подеднакво погоден за трговците, купувачите и посетителите.

Едноставна отворена структура е надополнета со брановиден зелен кров што формира серија ридови.

Архитектите создале низа тераси на источниот агол, засадени со шарени растенија и цвеќиња. Кровот се спушта до земја за да им овозможи на посетителите лесен пристап до врвот на зградата.

10

Објектот е замислен како покачена платформа од која посетителите можат да го набљудуваат пејзажот што го карактеризира овој дел од Тајван, според бирото, пазарот делува како продолжение на тој пејзаж.

На едната страна, сместен е објект на четири ката кој содржи административни канцеларии на пазарот и изложбен центар каде што можат да се прикажат земјоделските производи од регионот.

Овој четирикатен додаток ја пробива главната структура, обезбедувајќи секундарен пристап до кровот.

5

4

Под кровот, внатрешноста на пазарот проектирана е едноставно, а просторот е мошне функционален. Објектот е оставен отворен од сите страни, а природната вентилација внатре е обезбедена преку високите тавани на зградата.

„Во комбинација со ефектот на модулирање на температурата на земјата и растенијата на кровот, ова прави пасивно оладената зграда што останува удобна дури и во топлите лета на Тајван“, додаваат MVRDV.

12

„Околината на Таинан, според мене, е една од оние области што ми се убави заради нивната природа, полиња, фарми, море и планини“, рече Вини Мас, основач партнер во MVRDV: „Таинан Маркет ја одразува оваа убавина бидејќи го надополнува пејзажот“.

11

8

9

6

14

13

7

Испрати коментар

Scroll To Top