Насловна / Арт и дизајн / MVRDV ги пренаменуваат алуминиумските отпадоци во колекција осветлување (ВИДЕО)

MVRDV ги пренаменуваат алуминиумските отпадоци во колекција осветлување (ВИДЕО)

Холандското архитектонско биро MVRDV ја претстави колекцијата за осветлување High Profile, која е направена од остатоци од алуминиумски профили отфрлени од производството на производите на Delta Light.

Брендот за архитектонска расвета Delta Light обично ги користи алуминиумските профили за вградување на светлата во ѕидовите или таваните.

3

MVRDV соработуваше со брендот за повторна употреба на отпадниот материјал во дизајн кој има за цел да ја прикаже убавината на компонентата која обично е сокриена.

Секоја High Profile светилка е рачно изработена со комбинирање на алуминиумските делови во скулптурален абажур, кој е достапен како ѕидна светилка, висечки лустер во форма на коцка и подна светилка.

1

„Дизајнот критички гледа на производствениот процес, наоѓајќи не само можност, туку и убавина во елементите кои вообичаено се фрлаат како отпад“, велат од MVRDV.

„Неверојатните детали на овие профили обично се кријат во ѕидот или таванот – сакавме да ја направиме нивната убавина видлива, како главна карактеристика на новиот дизајн“, додаде Питер Амелот, директор на Delta Light.

2

„Бевме изненадени и во исто време многу среќни кога видовме дека MVRDV не само што го цени нивото на прецизност и стручност што се вклучени во дизајнот и производството на овие профили, туку и дека сакаа да ја стават суровината во прв план.“, додава Амелот: „Да се види производ кој вообичаено е целосно интегриран и анонимен во архитектурата како се развива за да стане привлечен за око за нас е многу инспиративно“.

Според MVRDV, влијанието на High Profile врз животната средина е намалено бидејќи алуминиумските делови не треба повторно да се произведуваат или транспортираат.

„Дизајнот ги повикува потрошувачите внимателно да размислат за материјалите што се насекаде околу нив, да ја видат убавината во секојдневието и да видат можности во она што обично го игнорираме“, велат од MVRDV.

Дизајнот е достапен во различни бои кои го омекнуваат неговиот индустриски изглед, вклучувајќи розова, бела, жолта, зелена и сина.

Проектот е во потесниот избор во категоријата дизајн на осветлување на наградите Dezeen 2022.

7

6

4

8

9

Испрати коментар

Scroll To Top