Насловна / Архитектура / Музејот на Тоше Проески – кандидат за наградата „Милан Злоковиќ“ за најквалитетно архитектонско дело во регионот

Музејот на Тоше Проески – кандидат за наградата „Милан Злоковиќ“ за најквалитетно архитектонско дело во регионот

milan zlokovic (2)

Асоцијацијата на српските архитекти – АСА, во рамките на Годишната изложба на АСА во делот за меѓународна секција, организира доделување на награда „Милан Злоковиќ“ за најквалитетно архитектонско дело во регионот.

Учесници се архитектонски трудови делегирани од архитектонските организации на своите земји. Така, на овогодишната Годишна изложба на АСА учествуваат легитимни архитектонски организации од Србија, Црна Гора, Македонија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Романија.milan zlokovic

Жирито за додела на наградата по правило е составено од претседателите на архитектонските здруженија.

Наградата се доделува на свеченото отворање на изложбата на 20 февруари во 18 часот, во Библиотеката на град Белград.

Со одлука на Управниот одбор на ААМ, претставник на Македонија е Музејот на Тоше Проески во Крушево, односно проектантското биро „Синдикат студио“ од Скопје, на авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски.

Испрати коментар

Scroll To Top