Насловна / Арт и дизајн / Музејот Гугенхајм објави над 200 книги за уметност бесплатно онлајн

Музејот Гугенхајм објави над 200 книги за уметност бесплатно онлајн

Музејот Гугенхајм во Њујорк објави повеќе од 200 книги за современа уметност достапни на интернет. Не само што може да се прочитаат на интернет, туку можеи да се преземат во PDF или ePub формати – бесплатно. Интернет архивата може да ја погледнете овде.

гуг3
Повеќе од половина деценија музејот ги дигитализира своите каталози од изложбите и книги за уметност, објавувајќи ги резултатите онлајн. Доколку сакате да изучувате некоја историја на уметност со наслови како „Пикасо и воените години“, „Експресионизмот, германска интуиција“ или да го прочитате првиот англиски превод на Кандински „Духовното во уметноста“ , тоа може да го направите бесплатно на интернет.

гуг1
Колекцијата исто така вклучува каталози на ретроспективни изложби на мајстори како Paul Klee, Robert Rauschenberg, Max Ernst, Francis Bacon и Mark Rothko. Или можете да копате подлабоко во кинеската уметност на 20 век.

гуг2
Целосната колекција на дигитализирани каталози и книги за уметност на музејот Гугенхајм е достапна на Интернет архивата . И тие не се единствената институција во Њујорк што објавува дигитализирани информации за нивните колекции. Неодамна и MoMA овозможи онлајн да се истражува секоја изложба на музејот одржана од 1929 година.

Испрати коментар

Scroll To Top