Насловна / Арт и дизајн / Multiplo – мебел за мали станови што лесно се трансформира

Multiplo – мебел за мали станови што лесно се трансформира

Разновидноста и функционалноста се многу важни, особено во современите домови, а фокусот е на едноставноста. Особено што во последно време становите се се помали и се помалку ги исполнуваат стандардите за потребни метри квадратни на просториите.

1_resize

Во овие случаи идеална опција е комплетот за мебел кој може да служи за повеќе намени и кој вклучува повеќе функции. Тимот на италијанското студио Heyteam смислил модуларен мебел Multiplo, совршен пример за да ја илустрираат оваа идеја. Колку различни функции можат да се добијат од едно парче мебел? Multiplo во исто време е и столица, и кревет, и маса, и софа, а е наменет за мали станови. Убаво е дизајниран, функционален и лесно се прилагодува на мали простори.

5_resize

Multiplo го сочинуваат повеќе делови, прилагодливи едни на други, па така од еден сет може да се направи столица, софа, кревет или маса.  Multiplo може да се прилагоди и во комплетна дневна соба. Покрај основните предлози, корисниците можат да измислуваат свои конфигурации и трансформации.

3_resize

2_resize

4_resize 6_resize

Испрати коментар

Scroll To Top