Насловна / Архитектура / Можност да се купат книгите на професор Константиновски „Градителите во Македонија“

Можност да се купат книгите на професор Константиновски „Градителите во Македонија“

Асоцијацијата на архитекти на Македонија – ААМ ја пренесува информацијата на нашиот колега Валентино Константиновски дека трилогијата на книгите „Градителите во Македонија“ од нашиот почитуван професор Георги Константиновски, која се состои од три тематски поврзани книги во зависност од периодите кои се опфатени во нив е достапна за оние што се заинтересирани.

кк

За купување на горе посочените книги треба да се напише писмо за интерес на следната е-mail адреса: onit2002@gmail.com

Со назнака, искажувам интерес за купување на трите книги, или поединечно која книга точно (прва, втора, трета) и таму ќе ги добијат сите потребни детали.

Книгите се ексклузивни, во тврд повез, богати со илустрации и информации од областа на македонското градителство во периодот од XVIII – XXI век, истите имаат енциклопедиска вредност.

GRADITELITE VO MAKEDONIJA 18_19 VEK G_Konstantinovski 041

Со текот на времето податоците содржани во книгите ќе добиваат сé поголема историска вредност поради постојаното исчезнување на вредни архитектонски дела од времето на модерната на територијата на нашата држава и секако во периодите кои и претходеа, со исто така многу значајни објекти кои веќе одамна не постојат. Сето тоа е плод на една долгогодишна макотрпна работа на авторот да дојде до некои од податоците (фотографии, графички прилози, текстови), потоа надополни и приспособи во една тематска целина за архитектонското градителство на овие простори во временски период од скоро три столетија.

Третата книга го опфаќа творештвото на генерацијата архитекти од крајот на XX-от и самиот почеток на XXI-от век.

20231220_124728

Регуларните цени во времето кога излегоа од печат беа следни: Прва книга од серијалот издадена 2001-ва година чинеше 3.496,00 денари, Втора книга издадена 2004-та година чинеше 3.496,00 денари, Трета книга издадена 2007-ма година чинеше 3.950,00 денари.

Ве информираме за специјална понуда за истите по тогашните саемски цени, тоа се следните: Прва книга по цена од 2.500,00 денари, Втора книга по цена од 2.500,00 денари и Трета книга по цена од 3.000,00 денари или вкупно за сите три книги 8.000,00 денари.

Секако може да се купат и поединечно по истите цени.

Подолг период ги нема во слободна продажба бидејќи издавачот веќе не постои, а залихата е релативно мала.

Испрати коментар

Scroll To Top