Насловна / Вести / Мостот на Мала Ријека – големо чудо на малата Црна Гора (ВИДЕО)

Мостот на Мала Ријека – големо чудо на малата Црна Гора (ВИДЕО)

За секој кој некогаш патувал со воз низ Црна Гора, еден од најнезаборавните впечатоци од патувањето сигурно е преминувањето преку мостот над Мала Ријека.

0

На крајниот север на територијата на Подгорица, 20-тина километри северно од Подгорица кон Колашин, повеќе од четири децении се наоѓа ова градителско чудо. Овој железнички мост е дел од пругата Белград – Бар. Долег е 498.8 метри, а со својата висина 205 метри од дното на кањонот, мостот на Мала Ријека до 2001 година беше највисок железнички мост на светот. Истата година е надминат од кинескиот железнички мост Беипанџијанг, а кога во 2015 година е завршен мостот Ченаб во Индија ќе падне на третото место.

1

Оваа гордост на градежништвото на поранешна СФРЈ е проект на еден од најистакнатите конструктори на челични мостови во Југославија, Љубомир Јевтовиќ од Заводот за проектирање на Југословенските железници со тим инженери: Миливој Ковачевиќ, Милорад Луковиќ и Милорад Марковиќ.

2

Мостот Мала Ријека е еден од најтешките железнички делници во Европа. Требало да се совлада природата и на најдобар можен начин да се „спои навидум неспоивото“, да се премости кањонот на Мала Ријека, чиј изглед е тотална спротивност на името.

04

Изградбата на мостот, главен изведувач било ГП „Мостоградња“, траела четири години, од 1969. до 1973. година. Години на неуморна работа и совладување на препреките, кои до ден денес за многумина остануваат непознаница.

За тоа колку градбата била комплицирана говорат бројките, кои импресивно сведочат за достигнувањето на човечката рака и спроведувањето на навидум невозможното во дело.

03

01

Основата на најголемиот потпорен столб на мостот е еднаква на површината на тениско игралиште. За изградба на мостот на Мала Ријека се потрошени 36.000 кубни метри бетон и дури 100.000 тони челик. Сето ова резултира со тежина на неговата челична конструкција од неверојатни 25.000 тони.

Испрати коментар

Scroll To Top