Насловна / Архитектура / Monman Café во Мексико

Monman Café во Мексико

Интровертен простор на приземје, кој бара интимна врска со приватна градина, генерира обвитканo микро опкружување за релаксација и сетилно уживање што се движи од арома на кафе до визуелна хармонија што се бара помеѓу околната вегетација во комбинација со специјална музика која секојдневно го исполнува просторот. Ова е главната цел на проектот Monman Café во Aguascalientesu, Мексико.

0

На парцела 10 на 25 метри лоцирана во северниот дел на градот, објектот на бирото LM Arkylab е со површина од 250 квадратни метри е распределен на две нивоа, каде е сместено специјализирано кафуле. На приземјето, пристапот е преку бочна патека дефинирана со отворот означен во ѕид од набиена земја кој ја обвива и ја ограничува целата содржина на тоа ниво. Овој ѕид, излегувајќи од предната страна, создава лента што води и до централен внатрешен простор опкружен со мала периметарска градина, изолирајќи го од надворешноста. На западната страна се наоѓаат сервисните простори, шанкот, кујна, скали и тоалет.

2

Искачувајќи се по скалите, се отвара подигнат простор како платформа, кој делува како мезанин кој лебди над фасадата и се протега напред, создавајќи простор со двојна висина одзади, кој е видлив одозгора. Овој нов простор го проширува трпезарискиот дел, создавајќи обвиен простор покриен со лесна метална конструкција обложена со дрвени панели кои, во преклопи, ги создаваат и насочуваат погледите и просторните намери на различните области.

1

Со овој волумен се формира тераса, која лебди над предната страна и нуди можност за интеракција со пошумената област на југ. Кровот обвиткува и штити од западна изложеност на сонце со мали перфорации кои овозможуваат раст на инкорпорираната вегетација на дрвјата, “, а истовремено се отвора како голем процеп на источната страна што гледа кон и се спојува со екстериерот.

4

Дизајнот на просторот има за цел да создаде посебна атмосфера внатре, каде што сетилата се ослободуваат, рекреираат и поттикнуваат социјална интеракција, релаксација и уживање во добро кафе.

7 6 3 5 8

Испрати коментар

Scroll To Top