Насловна / Архитектура / Модуларна монтажна куќа, која по потреба може да се прошири

Модуларна монтажна куќа, која по потреба може да се прошири

Приземна куќа со голема тераса и покриен паркинг простор е создадена со спојување на одбрани модули во форма што им одговара на нејзините жители. А кога нивните потреби се менуваат, може да се прошири и да се прилагоди на новите барања.

2

Во потрага по наједноставен начин за изградба на единствен дом, архитектите на руското биро ИНТ2 го развиле својот иновативен проект на монтажни куќи, наречен „Плусмодул“.

1

„Плусмодул“ се куќи направени од готови модули, кои лесно се склопуваат и се прилагодуваат на индивидуалните барања. Потребно е само да се избере конфигурацијата на модуларната куќа, нејзината надворешна и внатрешна декорација. Овој универзален систем се прилагодува на различните функционални потреби на идните станари, големини и конфигурации на парцели.

3

Во рамки на овој проект, архитектите проектирале одреден број на еднокатни и двокатни модули кои се разликуваат по форма и површина. Од модулите може да се комбинираат куќи со различни конфигурации – линеарни, C или L-облик, како приземната куќа што ви ја претставуваме.

7

Со комбинирање на модулите во форма на L, добиена е куќа од 112 квадратни метри со голема тераса, како и дополнителен покриен паркинг простор. Покрај главниот влез и врската со терасата, има и директен пристап до паркингот.

Главниот влез во куќата е повлечен под настрешница со дрвени летви, а во овој заштитениот простор може да се остави и велосипед или градинарски мебел.

4

Целиот екстериер има завршна обработка од фасадни и кровни панели, чија боја, форма и материјал може да се бираат.

Најголемата предност е можноста куќата по потреба да се прошири и прилагоди на новите барања.

Со оглед на модуларниот концепт, најголемата предност на ваква куќа е тоа што може лесно да се менува со текот на времето и зависно од потребата. Со додавање на нови модули, може да се прошири на исто ниво, па дури и на нов кат, да го промени обликот и надворешниот изглед.

5

Бирото ИНТ2 проектирало двојна фасада, наменета за страната на куќата која се соочува со сообраќај или други извори на бучава, која служи како важна звучна изолација, додека внатрешноста на празниот простор помеѓу панелите може да се користи како дополнителен простор за складирање.

Наспроти оваа фасада, која игра улога на визуелна и звучна бариера помеѓу куќата и надворешната средина, спротивната фасада на модулот е отворена кон локацијата.

6

 

Испрати коментар

Scroll To Top