Насловна / Вести / Модерна зграда во Њујорк со строги стандарди за квалитетот на воздухот

Модерна зграда во Њујорк со строги стандарди за квалитетот на воздухот

NJujork zgrada ekoloska

Жителите на една зграда во Њујорк ќе имаат чувство како да живеат на планина, во предел со чист и свеж воздух. Шеснаестакатната зграда, дело на дизјанерското студио „БКСК Архитектс“ и градежната фирма „Енбо“, на своите станари ќе им овозможи да дишат квалитетен воздух по напорниот работен ден. Зградата има сертификати за изнореден квалитет на воздухот во внатрешноста, како и за високи енергетски перформанси.

Njujork zgrada ekoloska1

Системот за климатизација во зградата поседува исклучително квалитетна опрема за филтрирање, која овозмжува максимално намалување на изложеноста на загадениот воздух. Квалитетот на воздухот е на ниво кое е стандардизирано за операционите сали во болниците.

Во самиот објект овозможена е рекуперација на топлина од зоните кои се ладат, која може да се искористи за други намени. На овој начин се оптимира енергетската потрошувачка на објектот.

Секој детал во зградата е внимателно испланиран со цел да се овозможи полесно одржување на просториите и еколошки стил на живеење.

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top