Насловна / Архитектура / Модерен дом на сончева енергија

Модерен дом на сончева енергија

HALOSolarPoweredHouse1
Тимот на Шведска, составен од 25 студенти од Универзитетот Чалмерс, неодамна ја изгради оваа еколошка куќа која целосно се напојува со сончева енергија. Halo е концепт на самоодржливо живеење кој започна како груба скица и на крајот заврши како целосен, функционален објект.

Кружниот дизајн со површина од 60 м2 беше наменет да поттикне групно живеење со мали приватни соби и големи заеднички комунални простори во домот. Мотото на тимот за проектот беше, „Споделен простор е двојно поголем простор.“

Современиот концепт беше конструиран со обновливи материјали, вклучувајќи шведска смрека од која е изградена носечката структура и дрвни влакна употребени за внатрешната изолација. Надворешноста, вклучувајќи го покривот, е составена од соларни келии кои ја абсорбираат соларната енергија, создавајќи енергетски ефикасен простор за живеење. Како резултат на иновативните идеи на тимот и посветеноста кон проектот, концептот освои трето место на интернационалниот натпревар, Solar Decathlon.
HALOSolarPoweredHouse2
HALOSolarPoweredHouse3
HALOSolarPoweredHouse5
HALOSolarPoweredHouse6
HALOSolarPoweredHouse7
HALOSolarPoweredHouse8

Испрати коментар

Scroll To Top