Насловна / Архитектура / Куќа за гости од APOLLO Architects & Associates

Куќа за гости од APOLLO Architects & Associates

Куќа за гости (6)
Ситуирана во станбена населба во Токио, оваа трикатна резиденција е проектирана со цел да функционира не само како објект за домување, туку и како куќа која би можела да смести странски гости и студенти дојдени на размена. Објектот е изведен од бетон во комбинација со дрвени конструктивни елементи.
Куќа за гости (9)
Како контраст на автентичната, цврста бетонска обвивка, во отворената зона на вториот кат и се спротивставува впечатлива хориозонтала на метални брисолеи, која придонесува за елеганцијата на уличниот фронт, истовремено обезбедувајќи ја приватноста на функционалните содржини.
Куќа за гости (10)
Внатрешноста е организирана на начин да се создаде единствен простор на релаксација, каде секој би можел да ужива во своето време, восхитувајќи се на елегантниот дизајнерски мебел и уметничките дела, распространети по ѕидните површини.
Куќа за гости (4)
Куќа за гости (3)
Куќа за гости (2)
Куќа за гости (7)
Куќа за гости (5)
Ентериерот и екстериерот меѓусебно се претопуваат во интермедијарните зони, кои функционираат како заеднички простори на хармонична социјализација помеѓу сопствениците и гостите. Целокупниот контекст на архитектонскиот израз и доживувањето на просторот претставуваат репрезент на топлата гостопримливост на Јапонската култура.
Куќа за гости (1)

Испрати коментар

Scroll To Top