Насловна / Вести / Минималистичка и елегантна Aston Martin колекција на мебел

Минималистичка и елегантна Aston Martin колекција на мебел

Брендот Aston Martin покрај тоа што добива бројни признанија за најубав дизајн во сферата на автомобилизмот, истото тоа го прави и во светот на мебелот.
Креациите кои ни ги претставува содржат елеганција и врвна естетика, каде е посветено големо внимание и на најсистни детали, па дури и на најмалиот шав. Во подоготовка за Salone del Mobile, саем за мебел кој секоја година се одржува во Милано, ни ги претставуваат своите новитети.

se
SOFA V255

Елегантно симетрична, новата Aston Martin софа, предлага чисти и компактни линии, кои се поигруваат со евидентни, но пријатно различни детали. Прекинатиот наслон за грбот остава простор за низок наслон за рацете со различна форма, кој прави совршен агол со наслонот за грб. Резултатот е комбинација на есенцијални и комфорни дизајнерски детали. Оваа софа е тапацирана со ткаенина која е совршено прилагодлива во преку педесет бои.

соф1

соф2
COFFEE TABLE V216
Оваа маса е од два предмета со различна висина и големина, како и дупла опција на слободно пресекување на истите во елегантна хармонија. Овие два предмета исто така можат да бидат и раздвоени, а необичната структура е прекриена со елегантна кожа и доаѓа со сатенски финиширани челични детали со боја на шампањ и Carrara мермерна површина.

цофе1 цофе2
LOUNGE CHAIR V263
Aston Martin ни претставува нова фотелја со ергономска, удобна линија, која е карактеризирана со два заоблени елемента со минималистички, префинет изглед. Оваа структура е прекриена со кожа и доаѓа со соодветни перничиња.

фот2 фот1
LIBRARY OPTION V274
Едноставни линии разубавени со префинети детали се совршен опис на новата V274 полица за книги, која доаѓа со минималистичка структура, креирана од сатенски финиширан метал со боја на шампањ, со отворени полици кои се карактеризирани со издигнати ивици во потполност прекриени со кожа.

пол1 пол2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top