Насловна / Вести / Минатата година 1,56 милијарди маски завршиле во океаните

Минатата година 1,56 милијарди маски завршиле во океаните

Во текот на 2020 година се произведени околу 50 милијарди парчиња маски за лице, а се проценува дека 1,56 милијарди парчиња завршиле во океаните, покажуваат податоците на групата „Oceans Asia“.

Извештајот дава застрашувачки податоци за загадувањето на океаните за време на пандемијата, а со оглед на количината на маски што завршија во нив, тоа е голем проблем. Се проценува дека се потребни 450 години за да се распадне пластична маска.

DCIM100GOPROGOPR2523.JPG

Исто така, во извештајот се наведува дека околу три проценти од произведените 52 милијарди маски ќе завршат во нашите води. Овие се загрижувачки бројки, бидејќи пластичниот отпад убива околу 100 илјади морски цицачи и желки, повеќе од милион морски птици и многу повеќе риби, безрбетници и други морски суштества годишно.

Пластичниот отпад влијае не само на морскиот живот, туку и на крајбрежните заедници, риболовот и економијата.

Пластичниот отпад драстично се зголеми во текот на изминатата година, поради пандемијата на коронавирусот, поради обврската за употреба на заштитни маски и ракавици, а тоа ќе има негативно влијание врз природата.

maski3

“Маските за еднократна употреба се направени од различни видови пластика и тешко се рециклираат поради нивниот состав, ризик од контаминација и инфекција. Овие маски завршуваат во океаните кога ќе бидат отфрлени и кога системот за управување со отпад не е адекватен, кога е преоптоварен и дали воопшто постои“, се наведува во извештајот.

Отпадот предизвикува штета на океаните и животните, а пример е мртов пингвин пронајден на плажа. Во стомакот имаше маска.

Авторите на извештајот наведуваат дека постојат решенија што ќе го минимизираат влијанието на пластичниот отпад. Меѓу нив има и маски за повеќекратна употреба кои се направени од материјали што можат да се рециклираат.

Во секој случај, потребно е да се фрлаат маски и ракавици на соодветен начин. Исто така е важно да се избегне пластично пакување и да се изберат еколошки алтернативи.

maski1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top