Насловна / Архитектура / Меѓународен архитектонски конкурс за нова библиотека на Варна

Меѓународен архитектонски конкурс за нова библиотека на Варна

Отворен е меѓународен архитектонски конкурс за нова библиотека на градот Варна, Бугарија. Општината Варна и Комората на Архитекти во Бугарија ги повикуваат архитектите ширум светот да учествуваат на овој конкурс.

varna library

Конкурсот е со цел да се реши долгогодишниот проблем на градот Варна (трет по големина град во Бугарија и вековна порта на Црното Море), кој е без соодветна библиотека со години. Библиотеката во Варна е 130 години стара институција, но во моментов нејзината колекција од над 860 000 библиотечни единици се сместени во шест различни згради низ градот.

Новата зграда има за цел да ги собере во една библиотека под еден покрив, да се обезбеди удобен и лесно работен процес и да се креира нов и атрактивен јавен простор во центарот на Варна, во исто време.

Новата зграда на Регионалната библиотека во Варна ќе биде првата библиотека што ќе се гради во Бугарија во последните 30 години. Овој конкурс има за цел идната зграда да покаже современ став кон книгите со главна порака: „Ние сме модерна, отворена и пријателска институција. Дојдете да го поминете слободното време со нас.“

УСЛОВИ

Конкурсот е бесплатен и анонимен. Право на учество имаат архитекти или тимови со најмалку еден член кој е архитект со правен капацитет да практикува архитектонски дизајн.

РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ

Проектите од конкурсот треба да пристигнат до 9 ноември.

ЖИРИ

Trine Berthold, schmidt hammer lassen architects (Данска)

Matja Bevk/ Vasa Perovic, bevk perovic arhitekti (Словенија)

Petr Lešek, projektil architects (Чешка Република)

Kaloyan Erevinov, Zaha Hadid Architects London (Бугарија)

Претставници на Општина Варна и Комората на Архитекти во Бугарија

НАГРАДИ

Прва награда

20 000 лева (околу 10 000 ЕУР)

Втора и трета награда

10 000 лева (околу 5 000 ЕУР)

Повеќе информации може да се најдат на веб страната на конкурсот: http://varnalibrary.bg

Испрати коментар

Scroll To Top