Насловна / Вести / Изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева во „Мала станица“

Изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева во „Мала станица“

Утре (17 септември) во Националната галерија на Македонија, објект Мала станица, во 20 часот, ќе се отвори изложба на Марјана Костојчиноска Узунчева со наслов „Кога традицијата е (женски) императив: разговори за минатото, денес“.marijana kostojcinoska

Марјана Костојчиноска Узунчева надоврзувајќи се на претходните искуства и истражувања во обликувањето на ликовното делото и потрагата по сопствено визуелно изразување, твори дела кои се логично продолжение на размислувањата за дефинирање на уметничкиот продукт.

Творештвото на Костојчиноска Узунчева е интимна исповед за едно минато време, сеќавање и спомени, навраќање на традицијата, еден вид визуелна патина на меморијата.

Инспирацијата од народното творештво, од културите што доаѓале од истокот и западот на оваа територија од Балканот, формирале препознатливи облици на народно творештво од кои се издвојуваат килимите кои се базичен елемент во нејзините дела. Тргнувајќи од ова, таа ја транспонира содржината во својата инспирација од чисто визуелно доживување во симболично посложени духовни простори создадени со посебната сила на имагинацијата и интуицијата на автентичен уметник. Импулсивниот имагинарен ритам на експресионистичката апстракција, со широки динамични потези кои се симбол на екстатичната енергија на животот, е доведен до кристализиран речиси трансцендентен спокој и метафизичка атмосфера.

Поаѓајќи од временската просторност како сестрана можност за воспоставување на односите на елементите таа конструира дело, чие значење се манифестира преку три својства: предметност, пиктуралност и семантичност.

Преку предметноста, таа своето дело го реализира како традиционална творба при што остварува распоред и организација во композицијата со чисто ликовни елементи во сопствена рамнотежа и систематско распоредување на вториот елемент пиктуралноста и создава единство на предметноста и пикуралноста каде што е воспоставен редот и хармоничноста.

Третиот елемент – семантиката во делата на Костојчиноска Узунчева е во внатрешниот онтолошки, а не надворешен физички простор кој го набљудуваме низ призмата на менталните глетки на меморијата како еден вид ликовна Прустова „потрага по загубеното време“…

Испрати коментар

Scroll To Top