Насловна / Арт и дизајн / Мебел од балони

Мебел од балони

Столици, каучи, фотелји… редовни парчиња мебел во нашите домови мора да бидат стабилни и доволно цврсти за да ја издржат нашата тежина, а истовремено ништо да не жртвуваат од нивната удобност и функционалност. Некои седишта ги ставаат сите овие барања во срцето на нивниот визуелен дизајн, оддишувајќи со стабилност и издржливост едноставно според нивниот изглед.

2

Меѓутоа, некои парчиња мебел се обидуваат да го измамат умот со прикажување на нешто што е речиси како оптичка илузија. Нè тераат да се запрашаме: како тоа софата изгледа како да лебди во воздухот, но во исто време е доволно стабилна и цврста за удобно да се седи? Оваа уникатна колекција мебел од балон на кинескиот дизајнер Seungjin Yangго има одговор на прашањето.

9

Мебелот од балони изгледа дека е структурно многу цврст, но повторно предизвикува сомнеж дека ќе пукне во секој момент и при најмал допир. Направени од различни големини на балони обликувани во шипки, кругови и спирали, столовите веднаш привлекуваат внимание поради своите необични форми. Без разлика дали се непроѕирни или проѕирни, светлите бои и сјајните површини на овие столчиња наликуваат на шарени бонбони кои едвај чекаме да ги допреме и почувствуваме.

1

Има нешто неодоливо во балоните, нешто што повторно нè враќа во деновите на детството кога сè изгледаше опуштено и ноншалантно. Сјајните бои на балоните додаваат чувство на разиграност, додека кружните форми што го опфаќаат воздухот даваат речиси ефемерен карактер – две карактеристики што можеби не се поврзуваат со нешто што треба да биде стабилно и цврсто, како столици.

4

И покрај тоа колку чудно и да изгледаат, овие столчиња се вистинско парче мебел. Самиот процес на производство се сведува на тоа што секој балон се надува и обликува пред неколку пати да се капе во епоксид. Неопходни се повеќе слоеви на смола за да бидат доволно цврсти за да издржат луѓе со различна тежина. Откако ќе заврши тој процес, деловите се склопуваат во едно атрактивно парче, претворајќи неколку балони во столици, фотелји или дури и каучи за луѓе од различна возраст.

6

Дизајнот овозможува различни комбинации на бои, без разлика дали се работи за една хроматска тема или шарени мотиви. Мора да се признае, чудесниот изглед на овие столчиња можеби не одговара на некои ентериери, но ако барате нешто што веднаш ќе предизвика интерес и ќе го направи вашиот дом пожив и повесел, не можете да погрешите со стол што изгледа и шармантно и малку вознемирувачки.

11

8

7

10

3

5

Испрати коментар

Scroll To Top