Насловна / Арт и дизајн / Марина Абрамовиќ, Џеф Кунс и Олафур Елиасон во заеднички проект за виртуелната реалност

Марина Абрамовиќ, Џеф Кунс и Олафур Елиасон во заеднички проект за виртуелната реалност

Прашањето на виртуелната реалност и вештачка интелигенција веќе не се резервирани за некои идни дискусии. Поттикнати од новите технолошки достигнувања, некои од најпознатите современи уметници во светот се одлучиле да започнат свој нов заеднички проект.

Марина Абрамовиќ, Џеф Кунс и Олафур Елиасон ја претставиле својата нова работа во рамките на платформата за виртуелната реалност наречена Acute Art.marinaabramovicjeffkoons

Виртуелната галерија ќе ги истражува можностите за пренесување на уметноста од нејзината физичка форма на онлајн платформи соодветни за времето во кое живееме.

Целиот проект треба да ги претстави делата на млади и перспективни уметници, но првите претставени дела се токму на ова познато трио. Официјалниот почеток на проектот е закажан за наесен оваа година, но другите детали се уште не се познати.

Испрати коментар

Scroll To Top